Летен оптимизам на германското стопанство | Економија | DW | 27.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Летен оптимизам на германското стопанство

Позадоволни од актуелната состојба и пооптимистички очекувања: расположението на менаџерите во германската економија изненадувачки значително се поправи во август.

Оптимизмот на германските претпријатија се зголеми во август, благодарение на намалувањето на трговските тензии меѓу Европската унија и претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти минхенскиот економски институт Ифо.

Институтот објави дека неговиот традиционален месечен индекс за деловната клима во Германија во август пораснал на 103,8 поени наспроти 101,7 во јули. Пазарните аналитичари очекуваа дека тој ќе изнесува 101,8 поени.

Претседателот на институтот Клеменс Фуест денеска истакна дека „покрај силната домашна економија, примирјето во трговскиот судир со САД придонесло за подобро расположение меѓу германските компании“.

Инаку Трамп се закани со воведување на нови царини за производите од земјите од ЕУ, што поттикна страв дека Унијата би можела да возврати, што пак натамошно би ги загрозило трговијата и економскиот раст. Трамп меѓутоа се согласи да се откаже од тие мерки по разговорот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

DW.COM

Реклама