Ленс Армстронг може да ги загуби титулите | Теми | DW | 30.06.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ленс Армстронг може да ги загуби титулите

Американската антидопинг агенција вчера објави дека формално одлучила да покрене антидопинг обвинение против седумкратниот шампион на Тур де франс, Ленс Армстронг. Ако се потврдат обвиненијата, тој ќе ги загуби титулите.

Американската антидопинг агенција едногласно донела одлука за покренувањето обвиненије против велосипедистот Ленс Армстронг. Седумкратниот освојувач на титулата на Тур де франс изјави дека е невин. Следниот чекор во процесот е рабитражно сослушување. Армстронг изјави дека ќе им се спротивстави на обвиненијата.

Антидопинг агенцијата направи некои детали од овој случај да станат достапни до јавноста со испраќање писмо до Армстронг, кое беше објавено во интернет изданието на Вашингтон пост.

Во писмото испратено на 12-ти јуни агенцијата наведува дека има примероци од крвта на Армстронг од 2009-та и 2010-та, кои се цврсто докажуваат присуство на допинг. Агенцијата има и десет поранешни членови на тимот на Армстронг и негови колеги, кои ќе сведочат дека тој користел средства за подобрување на перформансите за време на трките во периодот од 1999-та до 2005-та година.

Lance Armstrong

Армстронг ги оценува како неосновани и злобни обвинувањата против него

„Овие обвинувања се неосновани, мотивирани од злоба и постигнати со сведоштва направени и платени со ведување за анонимност и заштита“, изјави Армстронг на полетокот од месецов.

„Злобата на агенцијата, нејзините методи, практиките на тело составено од ѕвезди и нејзината одлука најпрво да казни, а потоа да испитува, се во расчекор со нашите идеали за правичност и фер игра“, забележа Армстронг.

Во февруари годинава, американското министерство за правда спроведе истрага за тоа дали Армстронг и неговите тимски колеги го измамиле спозорот на нивниот велосипедски тим со тајна програма за допингување.

Поврзана содржина