Лене: статусот на Косово само преку резолуција во ОН | Вести | DW | 21.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лене: статусот на Косово само преку резолуција во ОН

*

Специјалниот пратеник на ЕУ за Косово, Штефан Лене изјави дека нема друг начин за решавање на статусот на покраината освен преку резолуција во СБ на ОН. Лене кој вчера ненајавено допатува во Приштина, по средбата со косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека ЕУ го поддржува планот на Ахтисари. Чеку пак побарал одликата за конечниот статус да се забрза и додаде дека поради можното одлагаење на решението, на Косово постои недоверба во институциите и меѓународната заедница.