Лекција 30 – Јан Бекер | Radio D Teil 2 | DW | 18.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Radio D Teil 2

Лекција 30 – Јан Бекер

Во кафеаната во Гринхајде ненадејно се појавува млад човек, кого Паула го поведува до местото на одржување на трката, Моленско Езеро. Што знае непознатиот за необичниот натпревар и што го поврзува со Radio D?

Автомобилот на Филип не сака да тргне, но во помош прискокнува Јан Бекер, кого Паула претходно го запознава во кафеаната. Филип останува во Гринхајде, а Паула со Јан се вози до Меленско Езеро, каде треба да заврши трката. По пат Паула дознава некои работи за непознатиот, кого всушност би требало веќе да го знае. И професорот се занимава со минатото, ги вежба модалните глаголи „мора" и „сака" .

Симнувања