Лекарки се осомничени за фалсификување сертификати и давање разредени вакцини | Информации и анализи за Германија | DW | 24.12.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Лекарки се осомничени за фалсификување сертификати и давање разредени вакцини

Две лекарки во Баварија се осомничени дека извршиле измами со вакцини по повеќе случаи. Против нив, меѓу другото, се води истрага за измама, намерно нанесување телесни повреди и неправилно издавање вакцинални потврди.

Две лекарки во германската покраина Баварија се соочени со обвинувања дека им фалсификувале сертификати за вакцинација на противници на вакцинирањето, дека давале разредени вакцини и дека од здравствениот фонд наплаќале за неинјектирани вакцини. Портпарол на Баварската централна служба за борба против измама и корупција во здравството (ЗКГ) вчера (23.12) информираше дека е направен претрес на две ординации и повеќе станови. Притоа се запленети документи и подготвени инјекции. Во целиот случај има петмина обвинети, од кои две лица се лекарки.

Лекарките на пациентите кои не сакале да се вакцинираат во жолтата вакцинална книшка им лепеле етикетиод фрлени вакцини како доказ дека примиле вакцина. На други пациенти, пак, како што изјави портпаролот на ЗКГ, им биле инјектирани разредени вакцини. Во непознат број случаи биле пресметани вакцини кои воопшто не им биле дадени на пациентите, туку фрлени.

Impfaktion auf der Reeperbahn I Impfaktionswoche

Информацијата за можна измама надлежните ја добиле од приватно лице

Надлежните за можната измама добиле информација од приватно лице. Сега против осомничените, меѓу другото, се води истрага за измама, намерно нанесување телесни повреди и неправилно издавање вакцинални потврди.