Лекарите од Алепо го вклучија алармот | Свет | DW | 03.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лекарите од Алепо го вклучија алармот

Борбите во сирискиот град Алепо продолжуваат, во обидот на бунтовниците да ја пробијат блокадата од страна на владините сили. Опсадата меѓутоа од ден во ден драматично ја влошува состојбата на болните и ранетите.

Би можело да е стекне впечаток дека наскоро претстои последната битка за некогашното бунтовничко упориште Алепо. За само неколку дена сириската армија и Русија со серија од 26 воздушни напади го бомбардираше градот Ал Атариб, западно од Алепо. Тој е под контрола на опозицијата. 42 цивили притоа беа убиени во рок од 24 часа. Единствената болница во градот пак беше погодена дури четирипати во само 90 минути.

Со оглед дека салата за операции повеќе не може да се користи, никој сега не знае како би можело да им се помогне на најтешко повредените. Некои од нив се испраќаат на операција во Турција. Но само оние кои се навистина во акутна животна опасност, смеат да ја напуштат земјата- а патот до границата често крие огромни опасности.

„Во зависност од тоа, од каде еден пациент треба да биде префрлен во Сирија, тоа може да значи дека тој море да премине преку области кои се под контрола на Сириските демократски сили, на Исламска држава или на режимот на Асад“, вели за ДВ доктор Хасан кој за Здружението на независни лекари (ИДА) раководи со медицинските евакуации. „Честопати не се исплатува да се преземе таков ризик“.

Заробен во Алепо

Само неколку километри подалеку од опустошениот Ал-Атариб-во Алепо, ранетите имаат уште само малку опции. Откако сириската армија во јули го блокираше централниот коридор за снабдување, бунтовничките населби се практично отсечени од светот.

„Со опсадата се промени сѐ“, вели 25-годишниот Калед. Тој работи како помошник за итни случаи за Сириската цивилна одбрана, група граѓани, која обезбедува медицинска помош во итни случаи. „Повеќе речиси и да немаме прехранбени производи. Цената за еден килограм ориз порасна од 100 на 500 сириски фунти (од 41 цент на две евра). Повеќето продавници се затворени“.

"

Медицинските помошници во Алепо се познати по тоа дека продолжуваат да работат и по најлоши услови. Поради опсадата меѓутоа сега се наоѓаат пред нови предизвици. Преостанатите 33 лекари во градот на располагање ги имаат само резервите од лекови за итни ситуации, а бројот на ранети е огромен.

„Болниците се преоптоварени“, вели за ДВ, Мохамед Катуб од хуманитарната организација Сириско-американска медицинска асоцијација (САМС) . На истокот на Алепо на еден лекар доаѓаат 9000 пациенти. За споредба: ширум светот еден лекар во просек мора да се грижи за 300 пациенти.

Недостасуваат лекари-специјалисти

Опсадата од страна на трупите на Асад меѓутоа не претставува изненадување за медицинските лица, вели Катуб. Веќе половина година тие ги окрупнуваа резервите со лекови. Но проблемот е во тоа што нивните залихи не се безбедни поради постојаните неселективни бомбардирања. .

Згора на тоа има и други ограничувања кои дополнително им ја отежнуваат работата на лекарите. „Има повеќе медицински зафати кои повеќе не можеме да ги правиме во градот“, вели Катуб. Додека луѓето можеа слободно да се движат, тоа не беше проблем. Сега ситуацијата драматично се влоши. Луѓето не можат да одат на специјалист надвор од градот. „А ние имаме на пример само еден неврохирург во Алепо“ вели Катуб. „За него е невозможно да оперира толку многу пациенти“.

Катуб и други претставници на медицински хуманитарни организации, затоа бараат повторно да биде отворен патот барем за итни медицински евакуации. Меѓународната заедница меѓутоа досега молчи за тоа.

Сирискиот режим покрај тоа ги информираше жителите во бунтовничките населби, дека можат да се лекуваат во болниците во населбите кои се под контрола на владата. Но некои пациенти, кои го следеле овој повик, биле следени, уапсени и сослушувани, веднаш штом пристигнале таму. Затоа многумина зе одлучуваат за тоа воопшто да не ја прифатат ваквата понуда.

„Режимот удира по медицинското снабдување, зашто луѓето без лекари и лекови не можат да живеат“, критикува Катуб. Во меѓувреме 60 проценти од сите болници во Сирија се или делумно или целосно затворени.

„Не може да се живее во град, каде нема вакцини за децата или не може да се побара лекарска помош“. Токму катастрофалната состојба со медицинската помош е главната причина зошто луѓето бегаат од Алепо.

Реклама