Лансирана најмоќната ракета во светот | Панорама | DW | 07.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Лансирана најмоќната ракета во светот

Спејсекс успеа. „Фалкон хеви“ на приватната американска вселенска компанија е најголемата некогаш лансирана ракета. Таа со себе во вселената понесе и едно специјално спортско возило

Американската компанија Спејсекс (SpaceX) синоќа, по одложувањето поради ветер, успешно ја лансираше својата најголема ракета досега, а во орбитата околу Сонцето заедно со неа полета и еден црвен спортски автомобил.

Ракетата наречена „Фалкон хеви“ ( Falcon Heavy) е лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал на Флорида, од истата платформа која НАСА ја користеше во 1969 година за историскиот проект Аполо 11- првата мисија со која испрати луѓе на Месечината.

Гледај видео 01:02

Црвената „Тесла“ во вселената

Опремена со 27 мотори и 3 дополнителни „бустери“, за да се обезбеди силен удар, ракетата е проектирана да испраќа опрема и резерви од храна, вода и материјали во далечната вселена.

Во „носот“ на ракетата се наоѓа црвениот спортски автомобил Тесла на Елон Маск, кој е сопственик како на оваа фирма така и на Спејсекс, а зад воланот има кукла наречена „Ѕвезден човек“.

Најсилната ракета би можела да овозможи носење на тешки предмети, потенцијално и човечки екипаж, на Месечината и на Марс.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама