Лазаров: шампионски титули во четири земји | Теми | DW | 12.04.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Лазаров: шампионски титули во четири земји

Ракометниот клуб Барселона синоќа ја освои шампионската титула во Шпанија, што пак значеше 15. ваков трофеј во кариeрета на Кире Лазаров. Тој е прв македонски спортист со шампионски титули во четири различни држави.

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров стана прв Македонец кој освоил шампионска титула во четири различни национални првенства.

До овој успех Лазаров стигна по освоената титула во Шпанија синоќа со својот клуб Барселона. За него тоа беше 15. шампионски трофеј во кариерата или вкупно 37 трофеи од различни натпреварувања.

Претходно капитенот на македонската репрезентација бил првак на Македонија (со Пелистер), Хрватска (со Загреб Кроација Осигурање) и на Унгарија (како член на Фотекс Веспрем).

Освен шампионските титули Лазаров има освоено и национални купови со четири различни екипи во четири различни земји, последниот пред две сезони во дресот на Сиудад Реал (Шпанија).