1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Claus Fisker/AFP/Getty Images

Лазаров: Можевме повеќе ако бевме комплетни

ЖА/миа
21 јануари 2014

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во интервју за официјалната веб-страница на ракометното Европско првенство во Данска искажа задоволство од постигнатото во досегашните настапи на „црвено-жолтите“.

https://www.dw.com/mk/%D0%BB%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%B2%D0%BC%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%B2%D0%BC%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8/a-17376171

„Задоволни сме што ја остваривме првата зацртана цел да влеземе во втората фаза и со тоа да бидеме носители на извлекувањето на двојките за баражите во пресрет на Мундијалот во Катар следната година. На првенството играме без стандардните Наумче Мојсовски и брат ми Филип Лазаров, кои се повредија пред почетокот на ова натпреварување. Нашиот состав игра заедно веќе 12 години и тие секогаш беа дел од нас, па нивното отсуство многу се почувствува“, истакна македонскиот капитен.

Тој е свесен дека во Македонија очекувањата се зголемија по петтото место во Србија и се појавија желби да се освои и медал, но упати апел до навивачите да останат смирени и да го ценат тоа што една мала земја како Македонија веќе зазема значајно место на ракометната карта во Европа.

Прашан дали може повторно да биде најдобар стрелец на ЕП, Лазаров, кој во моментов со 38 голови води на листата на стрелците, одговори дека тоа е важен момент за него, но во прв план му е успехот на репрезентацијата.

„Секако дека да бидете најефикасен на големите натпреварување е одлично чувство, сум бил најдобар стрелец на СП 2009, како и на ЕП 2012 и тоа е прекрасно чувство. Имам големи амбиции, кои може да се остварат само со помош на соиграчите од репрезентацијата. Сакам нешто големо со Македонија. Би било прекрасно да бидам повторно на врвот, изјави Лазаров.

Според него, главни фаворити за трофејот се домаќинот Данска, Франција, Хрватска и светскиот првак Шпанија.

Токму Шпанија е следниот противник на македонските ракометари на денешниот дуел, за кој Лазаров вели дека ќе му помогне со совети на селекторот Ивица Обрван, но свесен е дека и противникот знае за неговата игра со оглед на тоа што настапува во Барселона.

На крајот од интервјуто за www.ehf-euro.com?, Лазаров се осврнува и на клупскиот ракомет.

„Имаме квалитет, но да се освои Лигата на шампионите е се‘ потешко, бидејќи од година во година се‘ повеќе се зголемува квалитетот на конкурентите. Сепак, се надевам дека со Барселона ќе го освојам трофејот што го немам освоено во мојата кариера, а тоа ќе го направиме ако одиме чекор по чекор“.

За македонските екипи во ЛШ, Вардар и Металург, најдобриот ракометар на Македонија вели дека се големи ривали, но таквото ривалство не треба да значи непријателство и како што вели, тоа е во интерес за подигнување на квалитетот, а полза од тоа има и репрезентацијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница