Лагард- виновна, но неказнета | Економија | DW | 19.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Лагард- виновна, но неказнета

Француски суд пресуди дека актуелната директорка на ММФ, Кристин Лагард е виновна за небрежност во периодот додека била француски министер за финансии. Сепак, Лагард нема да биде казнета

Лагард е прогласена за виновна поради тоа што како министерка за финансии не поднела тужба против одлуката на државната арбитража за исплата на отштета на бизнисмен.
„Контекстот на глобалната финансиска криза во која се нашла госпоѓа Лагард треба да се земе в предвид“, рече главната судијка Мартин Ракт Маду, објаснувајќи зошто не изрекла казна во пресудата.

Таа исто така ја потенцираше добрата репутација на Лагард и нејзиниот меѓународен имиџ како причина зошто судот одлучил да не изрече казна која можеше да биде и до една година затвор.

Според пресудата, Лагард не била небрежна кога побарала вонсудска спогодба во спорот со контроверзниот бизнисмен Бернар Тапи, но небрежна била нејзината одлука да не ја оспори отштетата од 400 милиони евра која му била исплатена на Тапи и довела до злоупотреба на јавните фондови.

Адвокатот на Лагард најави дека размислува да ја обжали одлуката. Пресудата ја доведува во прашање функцијата на Лагард на чело на Меѓународниот монетарен фонд, откако и нејзиниот претходник Доминик Штрос Кан поднесе оставка поради сексуален скандал во 2011 година.

Извршното тело на ММФ во Вашингтон ќе се состане наскоро за да разговара за импликациите од пресудата.

Реклама