Лавров: НАТО е институција од Студената војна | Свет | DW | 18.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лавров: НАТО е институција од Студената војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се залага за нов светски поредок, со намалено влијание на државите од Западот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се стреми кон „пост-западен светски поредок“, како што изјави тој на Минхенската конференција за безбедност. Главна карактеристика на новиот светски поредок, според него, треба да биде принципот „секоја земја да биде дефинирана преку својот сопствен суверенитет“.

На САД, на чело со новата влада на Доналд Трамп, Лавров им понуди подобрување на односите - Москва сака создавање прагматична врска со Вашингтон, при што најголема важност ќе играат „меѓусебното почитување и признавањето на одговорноста за светската стабилност.“

„Јакнењето на американско-руските односи е од наш заеднички интерес. Ние сме подготвени за тоа, доколку постои подготвеност и од страната на САД“, рече Лавров. 

Паралелно, тој остро го критикуваше НАТО.

„НАТО и натаму е институција од Студената војна, како според својот начин на размислување, така и во срцето. Еден вид 'елитен клуб на држави' да владее со светот, не може да функционира на долг рок“, смета Лавров.

 

Реклама