„Лавина од вода“ во Италија однесе 11 животи | Свет | DW | 21.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Лавина од вода“ во Италија однесе 11 животи

Во поплава во кањон во јужна Италија загинаа најмалку единаесет луѓе. Повредени се неколкумина, а како исчезнати се водат пет лица.

Несреќата се случи во кањонот Раганело, во националниот парк Полино, во Калабрија. Поради силниот дожд реката во кањонот надошла со голема брзина.

Еден сведок изјави дека туристите во кањонот биле буквално поклопени од „лавина од вода“. „Немавме можност за сториме ништо“, тврди холандскиот турист.

Службата за цивилна заштита соопшти дека се спасени 23 луѓе. Додека властите зборуваат за две групи туристи кои се наоѓале во кањонот за време на несреќата, Службата за цивилна заштита зборува за три групи туристи. Весникот „Кориере дела Сера“ пишува дека меѓу спасените туристи има две деца, од кои едното е пренесено со хеликоптер во болница поради прениска температура на телото.

Гледај видео 00:45

„Немавме можност да сториме ништо“

Пред поплавата, во регионот со часови паѓаше силен дожд. Раганело, поради многуте предизвици, е резервиран за искусни планинари. Локалните власти го имаат строго регулирано пристапот до овој регион и имаат одбележано одредени делови, за да им помогнат на спасувачите во пронаоѓањето планинари во случај на потреба.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама