Курц во убедувачка мисија во Македонија | Северна Македонија | DW | 11.02.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Курц во убедувачка мисија во Македонија

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц е на турнеја низ Балканот со цел да ги убеди Србија и Македонија околу планот за заштита на границите на Македонија со војници и полицајци од ЕУ.

Австрија натамошно го заострува тонот на темата бегалци. По воведувањето годишна горна граница за бројот на прифатени бегалци, сега министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер најавува и дневна горна граница, која треба да важи уште овој месец. По изградбата на ограда на границата на Австрија кон Словенија, Микл-Лајтнер не искучува и градење втора ограда кај Бренер, на границата кон Италија. Министерот за надворешни работи Себастијан Курц започна еднонеделна турнеја низ Балканот за да ги убеди Србија и Македонија околу планот за заштита на границите на Македонија со војници и полицајци од ЕУ.

„Токму во Македонија, но и во други земји долж Балканската рута постои силна подготвеност за редуцирање на бегалската навалица, за намалување на бегалскиот бран, дури за негово целосно запирање. Оваа подготвеност треба да ја користиме“, изјави Курц.

Ако Грција и натаму не е во состојба да ги задржи бегалците кои стигнуваат од Турција, тогаш тоа мора да се случи на границата кон Македонија, смета Курц. И Австрија самата сака да стави на располагање војници и полицајци, дополнува новиот министер за одбрана Ханс-Петер Доскоцил:

„Верувам дека војската веќе во Австрија докажа оти може да ги совлада задачите во поглед на обезбедување на границата, но и во областа на регистрација на бегалците. Сметам дека ќе се снајде со задачата.“

Mazedonien baut zweiten Zaun an der Grenze zu Griechenland

Македонија гради втора ограда кон Грција

Сите балкански држави го делат стравувањето дека нивните земји може да се претворат во места каде ќе постои некој вид застој на бегалците. Српскиот премиер Александар Вучиќ веќе предупреди:

„Не можеме да примиме 100.000 или 200.000 бегалци, зашто Србија тоа не може да го понесе. Не сакаме да станеме ’паркиралиште’ за бегалците и ќе најдеме начин како да ги заштитиме националните интереси.“

Најважната станица според Себастијан Курц е Македонија, каде тој ќе води разговори. Македонија започна со подигање втор ред гранична ограда кон Грција, пет метри зад веќе постојната на преминот кај Гевгелија. Новиот безбедносен појас треба да биде долг преку 30 километри. Македонскиот политиколог Петар Арсовски истакнува:

„Посилното обезбедување на границата кон Македонија има смисол. Но, бидејќи ние немаме високи планини, непреодни подрачја, туку отворена територија, широко пространство, потребно е мноштво техника и дополнителен персонал за постигнување ефикасна ’инка’ за контрола на навалата на бегалците.’“

Според зборовите на Арсовски, голем проблем е што самата Македонија не е стабилна за да совлада истовремено две кризи: бегалската и владината криза. Долгогодишниот премиер Никола Груевски мораше да поднесе оставка, но терминот за нови избори и натаму е отворено прашање:

„Македонија одвај може да совлада една криза, да не зборуваме за две одеднаш. ЕУ мора да донесе тешки одлуки. Нам ни е итно потребна техничка и финансиска помош. Нам ни треба политички концепт, донесен од целата ЕУ, кој ќе дејствува. Се плашиме, ние сме една многу мала земја. Стотици илјади натамошни бегалци, како што предвидуваат многумина, ќе ги преоптовари и надмине нашите капацитети.“

Поврзана содржина

Реклама