Курдскиот претседател Барзани најави оставка | Свет | DW | 29.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Курдскиот претседател Барзани најави оставка

Писмото на Масуд Барзани би требало да биде прочитано во регионалниот парламент во Ербил денеска, но агенциите веќе ја објавуваат неговата содржина.

Курдската информативна интернет-страница „Рудав“ извести дека претседателот на Курдите, Масуд Барзани, се обратил до регионалниот парламент во Ербил со писмо кое треба да биде прочитано на седница денеска.

Агенциите ДПА и Ројтерс јавија дека 71-годишниот Барзани во писмото најавува дека сака да ја напушти функцијата до 1 ноември. Неговите овластувањата би требало да им бидат поделени на регионалната влада, парламентот и правосудството. Пратениците денеска би требало да расправаат за овие прашања. Претседателските избори во Курдистан, кои беа најавени за 1 ноември, неодамна беа одложени.

Ирачките Курди, независно од критиките дома и во странство, пред еден месец на референдум со големо мнозинство гласаа за независност. Ирачката армијацпотоа ги протера пешмерга-борците од подрачјата на север кои не се вбројуваат официјално во курдскиот автономен регион.

Во меѓувреме се исцртува деескалација во конфликтот со владата во Багдад. Според курдската регионална влада, пешмерга-борците договориле примирје со ирачките трупи.

DW.COM

Реклама