Куповна треска на Волстрит | Економија | DW | 27.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Куповна треска на Волстрит

Бизнисот во предбожиќниот период се одвиваше толку добро, како што не било случај веќе долго време. Тоа, по повеќенеделниот пад на курсот на берзите, доведе до голем раст на вредноста на многу акции - и нов рекорд.

На затворањето на Њујоршката берза вчера водечките индекси на Волстрит забележаа најголем дневен скок од 2009 година наваму, по исто така спектакуларниот пад пред 2 дена.

Акциите на индексот Дау Џоунс индастриал авериџ се зголемија за 5 насто или 1.084 поени, додека индексот на технолошки акции на Насдак доби 5,84 отсто, а референтниот индекс на СиП доби 5 проценти.

Дау Џоунс со раст над 1.000 поени имаше најголем дневен раст во поени остварен кога било, и денот на тргување на берзата го заврши со точно 22.878 поени.

Акциите на енергетските компании најмногу пораснаа откако цените на нафтата имаа најголемо зголемување во последните 2 години.

Економистите ги нарекуваат овие движења на берзата рефлексно опоравување по големиот пад во понеделникот, на Бадник, кога Волстрит беше на пат да има најлоши декемвриски резултати од Големата депресија.

Реклама