Куба се простува од комунизмот? | Свет | DW | 23.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Куба се простува од комунизмот?

Пратениците во кубанскиот парламент изгласаа нов устав од кој е исфрлен зборот „комунизам“ и се признаваат приватната сопственост и правата на ЛГБТ заедницата. Комунистичката партија сега ќе воведува социјализам

Нацрт-предлогот кој во неделата го изгласаа пратениците во Хавана за првпат вклучува членови кои јасно го дефинираат концептот на приватна сопственост и ги опишуваат странските инвестици како важни за економскиот развој.

Според документот, идниот претседател ќе биде ограничен на два мандати, а функцијата „претседател на републиката“ ќе биде одвоена од претседателот на државниот совет. Со новиот устав се формира функцијата премиер, за првпат од 1976 година. 

Kuba Raúl Castro und Miguel Díaz-Canel (picture-alliance/dpa/EFE/ACN/A. Padrón Padilla)

Стариот и новиот претседател на Куба, Раул Кастро и Мигел Диаз Кањел


Кубанската Комунистичка партија останува единствена партија на карипскиот остров.

Кубанските граѓани ќе имаат можност да дискутираат за измените на јавни форуми во следните три месеци, а потоа ќе гласаат за нив на референдум.

Бракот ќе биде дефиниран како доброволна заедница меѓу двајца поединци наместо како досега меѓу маж и жена. Вклучувањето на истополовите бракови во уставните измени беше спроведено на иницијатива на Мариела Кастро, ќерка на поранешниот претседател Раул Кастро.

Гледај видео 00:56

"Adiós Comandante"

Најголемата промена во Уставот е исфрлањето на зборот комунизам, односно заложбата во земјата да се гради социјализам, а не комунизам, иако Комунистичката партија останува недопирлива.
Целта е, преку политички и економски реформи, да се направи одржлив еднопартискиот систем кој веќе неколку децении се соочува со длабоки економски проблеми.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама