Кубанците ја воскреснаа легендарната „пегличка“ | Панорама | DW | 03.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кубанците ја воскреснаа легендарната „пегличка“

Автомобилот „Фиат 126п“, кој се произведуваше во Полска, а кај нас е познат како „пегличка“, не е автомобил кој би очекувале да го видите во Куба. Но, овој „остаток“ од времето на Студената војна изненадува многумина.

Многумина не би очекувале, но Куба е новиот дом на еден од најценетите артефакти од времето на комунизмот во Полска.

Автомобилот кој од почетокот на 1970-те години беше произведуван од италијанскиот Фиат во полските фабрики, денес речиси и не може да се види на полските патипта. Сепак, службата на „пегличките“ продолжува во Куба, каде според проценките на колекционерите на автомобили се регистрирани 10.000 вакви автомобили.

Инжењерите-аматери од островската нација поседувањето на „пегличка“ го претвораат во хоби, па своите примероци ги надградуваат со современа амортизација, силни мотори, гласни аудио системи и модерни тапацири.

„2016 година беше година на пегличките“, вели Хенди Коба за АП, претседател на клуб на сопственици на автомобили „Пријатели на автомобилот“.

Kuba Oldtimer in Trinidad

„Пегличките“ возат во сенката на американските џинови, познати како „алмендрони“

Илјадници други „пеглички“ може да се видат низ цела Куба. Поради нивните димензии тие возат во сенката на американските џинови, познати како „алмендрони“, и меѓу "Ладите" и "Москвичите" увезени од Советскиот сојуз.

„Пегличката“, односно „Фиат 126п“ беше произведуван под лиценца на италијанскиот производител Фиат во полската фабрика ФСО. Производството започна во 1967 година и траеше до 1991 година, во овој период автомобилот се произведуваше под различни имиња.

Во втората половина на шеесетите години, „пегличката“ претставуваше врв на современата технологија и беше алтернатива на Варшава, автомобил кој во тоа време доби статус на застарен дизајн. Полскиот Фиат исто така се произведуваше и во фабриката ФСМ. Тука, производството започна во 1973 година и траеше до 2000 година. Вкупно 3.3 милиони возила беа произведени, а 2.4 милиони од нив беа наменети за полскиот пазар. Првично, „пегличката“ не беше наменета за пазарите во останатите земји од социјалистичкиот блок, па затоа и не се извезуваше. Сепак, тоа не ја сопре Куба да добие голем дел од автомобилите на почетокот од седумдесетите.

Срцето и двигател на „пегличката“ е мотор со два цилиндри и работна зафатнина која варира од 594 до 704 кубни сантиметри во зависност од моделот. Поради ова, „пегличката“ е автомобил кој нема голема потрошувачка на гориво, а истовремено не бара многу одржување.

Денес во Куба, „пегличката“ претставува еден од најдостапните автомобили на островот. Причина за тоа се ниските трошоци за нејзино одржување, добриот дизајн и издржливите мотори.

DW.COM

Реклама