Кубанското чудо од вакцина | Свет | DW | 30.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кубанското чудо од вакцина

Кубанските здравствени власти соопштија дека нивната вакцина Абдала има ефикасност од над 92%, речиси на исто рамниште со Фајзер и Модерна. На што се должи овој голем успех? ДВ истражуваше.

Отсликувајќи ја амбицијата да не биде зависна од никого за вакцини, Куба ја именуваше својата вакцина Абдала, според познатиот стих на националниот херој и икона Хозе Марти. Во стихот, младиот херој Абдала тргнува во војна за својата татковина, исполнет со патриотски занес без оглед на силината и моќта на непријателот.
Од перспектива на многу Кубанци, тоа е перфектното име за првата вакцина против Ковид-19 развиена во Латинска Америка. И перфектен имиџ за приказната на малиот остров со 11 милиони жители кој жилаво му се спротивставува на смртоносниот вирус и на 60-годишната економска блокада на САД, и притоа земја која располага со сопствени брилијантни научници.

Новата кубанска научна ѕвезда

Еден од нив е Херардо Енрике Гиљен Нието, директор за биомедицински истражувања во Центарот за генетски инженеринг и биотехнологија во Хавана каде што беше развиена Абдала.
Минатата недела, на Денот на таткото, кубанската телевизија објави реклама со 58-годишниот Гиљен Нието. Придружувана со меланхолична музика, таа започнува со сцена со научникот во неговата клиника додека гласот на неговиот син раскажува како неговиот татко неуморно работи за своето семејство и народот.

Гледај видео 01:01

Кубански лекари во борба против Ковид-19 ширум светот


„Работевме деноноќно од почетокот на пандемијата, без никаков одмор“, раскажува научникот во видеото. „И многу сме еуфорични затоа што резултатите ги надминаа сите наши очекувања. Знаевме дека вакцината е многу добра, но ни јас не очекував вакви резултати“.

Неверојатен успех

Според државната биотехнолошка корпорација, БиоКубаФарма, Абдала е 92,8% ефективна против Ковид-19 во клиничките тестирања, што е на исто ниво со најуспешните Бајонтек/Фајзер и Модерна. Голем аплауз одекна во аудиториумот на Центарот кога беа соопштени импресивните резултати. 
Оттогаш, Гиљен Нието е пренатрупан со барања за интервју. Целиот свет сака да знае за формулата на успехот на Абдала. Кубанската вакцина не е ниту векторска, ниту мРНА вакцина. Таа се нарекува протеинска вакцина. Тоа значи дека содржи делче од протеинот од врвот на вирусот кој се закачува за човековите клетки. Тој се закачува за рецепторот на вирусниот протеин, и со тоа предизвикува имунолошка реакција. Научниците користат квасец за да го залепат на рецепторот. 

Screenshot Televisión Cubana | Gerardo Enrique Guillén Nieto

Херардо Енрике Нието- творецот на кубанската вакцина против коронавирус


Владината вакцинална програма започна на средината на мај со Абдала и со втората домашна вакцина- Соберана 2, дури и пред крајот на третата фаза на клиничките тестирања. Куба одби вакцини од Кина и Русија, а не сакаше да се приклучи ниту на Ковакс-иницијатива на ОН.
„Знаеме дека на крајот секогаш мора да се потпреме на своите сили и способности“, вели Нието алудирајќи на ембаргото на САД. „Резултатот е здравствен систем кој не само што е бесплатен, туку и централизиран, и којшто ја усоврши способноста брзо да реагира на катастрофи, без оглед дали преку клинички тестовив, вакцинални кампањи или дури и производство на вакцини“. 

Во трка со времето

Според Гиљен Нието, 2,2 милиони Кубанци веќе примиле прва доза, околу 1,7 милиони втора, а 900.000 трета доза од вакцината. Абдала се прима во три дози, на секои две недели. Според амбициозниот владин план, 70% од населението треба да биде целосно вакцинирано до август. Тоа е трка со времето затоа што бројот на нови инфекции на островот постојано расте и достигна речиси 2,000 дневно. Нешто помалку од 1,200 луѓе досега починаа од Ковид-19 во Куба.

Гледај видео 01:16

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот


Независен експертски пандел во Хавана сега ќе ја проверува вакцината Абдала, а официјалното одобрение се очекува во следните две недели. Потоа, Куба ќе аплицира и во Светската здравствена организација за одобрение за меѓународна употреба. Боливија, Јамајка, Венецуела, Аргентина и Мексико веќе пријавија интерес. 

Оптимизам во СЗО

Но дали Абдала е навистина чудесната вакцина која ја ветуваат бројките? Хозе Маја е веројатно човекот кој најдобро може да процени. Перуанскиот епидемиолог работеше за Лекари без граници во Гватемала, Мозамбик и Нигерија. Изминативе две години Моја е претставник во Куба на ПАХО (Пан Американската здравствена организација), регионална организација на СЗО со канцеларии во 27 земји. Тој им верува на кубанските податоци. 
„Истражувачкиот институт во Центарот има 30 годишно искуство во истражување на вакцини. Им верувам на објавените резултати. Ова се сериозни студии, со учество на научници и институции посветени на науката“, вели Моја. 
Најдобар доказ е фактот што 80% од сите кубански вакцини се произведени во самата земја, вели Моја. Тој не е изненаден од високата ефикасност на Абдала, објаснувајќи дека тоа е логична последица на здравствениот систем кој добро функционира со децении. 
„Резултатите објавени од научниците досега покажаа добар одговор во однос на продукцијата на антитела“, вели тој. 

Гледај видео 01:01

Коронавирусот и снаодливите Кубанци

DW.COM