Кубански лекари во борба против Ковид-19 ширум светот | Теми | DW | 16.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кубански лекари во борба против Ковид-19 ширум светот

Повеќе од 1.450 здравствени работници од Куба во меѓувреме помагаат во справувањето со коронавирусот во 22 земји во светот. Неодамна, контингент од 217 доктори и медицински сестри започна да работи во Јужноафриканската Република, која е најтешко погодена земја од Ковид-19 на континентот.

Гледај видео 01:01

Сите овие медицински лица се дел од  бригада за помош „Хенри Рив“ основана од долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро во 2005 година, која е специјализирана за дејствување во места погодени од катастрофи и тешки епидемии и од тогаш помага ширум светот.

Во Европа, покрај Италија, кубанските лекари сега помагаат и во борбата против Ковид-19 во кнежеството Андора.

Гледај видео 01:16

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот

Најобемна мисија во моментот е она во Катар, каде од 15 април работат 229 специјалисти, а потоа следува Ангола, каде има 219 кубански лекари и медицински сестри. 

Повеќе:

-Зошто кубанските лекари го ризикуваат својот живот помагајќи во други земји

 

Покрај споменатите држави, многу помали контингенти на припадници бригадата „Хенри Рив“ има и во Латинска Америка и на Карибите, вклучувајќи ги Мексико, Хондурас, Јамајка, Барбадос, Хаити и Белизе.

Гледај видео 01:01

Коронавирусот и снаодливите Кубанци

Прочитај го и ова