„Крокодилот“ - нов претседател на Зимбабве? | Свет | DW | 17.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Крокодилот“ - нов претседател на Зимбабве?

Роберт Мугабе за првпат се појави во јавноста откако војската ја презеде контролата врз Зимбабве. Тој одбива да ја напушти претседателската функција. Во земјата пак се врати неговиот потенцијален наследник- „крокодилот“.

Во очите на многу жители на Зимбабве, поранешниот потпретседател Емерсон Мнангагва изгледа како лидер на земјата во чекање. 75-годишникот игра голема улога во политиката со децении, како човек во сенка на долгогодишниот претседател Роберт Мугабе- иако, понекогаш, беше во судир со него. „Мнангагва е на страната на Мугабе веќе 50 години", изјави за ДВ Дерек Матичак, аналитичар од Институтот за безбедносни студии во Јужна Африка. „Тој се сметаше за човек кој му ги решава проблемите на Мугабе".

„Крокодилот"

Во Зимбабве, Мнангагва е познат по неговиот прекар „Крокодил", референца за неговата суровост и тајност. Како и Мугабе, тој стекна слава како политички активист за време на децениската борба против владеењето на белото малцинство во неговата татковина, тогаш  британската колонија Јужна Родезија. Мнангагва се приклучи на Африканската национална унија на Зимбабве (ЗАНУ) во борбата против владата на тогашниот премиер Иан Смит. Бунтовничката облека на ЗАНУ подоцна беше заменета во актуелната владејачка партија на Зимбабве, ЗАНУ-ПФ.

Мнангагва доби на озлогласеност поради наводното режирање на злогласната операција „Гукурахунди" во осумдесеттите години, во која елитни војници обучени од Северна Кореја целно ги „ловеа“ дисидентите од етничката група Ндебела во земјата. Околу 20.000 луѓе беа убиени.

„Мнангагва се смета за екстремно безмилосен, лукав и пресметан и многу луѓе имаат од него страв и чувствуваат стравопочит", вели аналитичарот од ИСС Матичак за поранешниот потпретседател. „Тој сигурно не е многу демократска личност. Луѓето не треба да имаат илузии за идејата дека Мугабе може да биде заменет со личност со добри демократски квалификации.“

„Взаемна корист"

Матичак укажува на минатото со подеми и падови во односите меѓу Мугабе и Мнангагва како доказ за нивното стратешко партнерство.

„Односот помеѓу Мугабе и Мнангагва изгледа како однос на взаемна полза, а не пријателство", изјави Матичак за ДВ.

Тој однос одново се влоши откако Мнангагва и сопругата на Мугабе, Грејс, се најдоа во жестока борба за тоа кој ќе го наследи болниот претседател. Грејс Мугабе лобираше агресивно против поранешниот сојузник на нејзиниот сопруг, кого таа го обвини за обид за државен удар. Поддржувачите на Мнангагва за возврат ја обвинија г-ѓа Мугабе дека се обидела да го отруе.

На 6 ноември, Мугабе го разреши Мнангагва од местото потпретседател. „Тој консултирал надрилекари за да дознае кога ќе умрам", изјави  Мугабе пред приврзениците на митингот неколку дена по отпуштањето на Мнангагва.

„Би помислиле дека меѓу нив се формирал некој вид на цврста врска, но начинот на кој Мугабе беше подготвен да го отпушти Мнангагва сугерира на тоа дека Мугабе нема никакво чувство на лојалност кон Монангва", вели аналитичарот на ИСС, Матичак.

По отпуштањето Мнангагва му возврати на Мугабе, велејќи му на претседателот дека владејачката партија ЗАНУ-ПФ „не е Ваша лична сопственост и на Вашата сопруга како што сметате". Мнангагва по разрешувањето од потпретседателската функиција ја напушти земјата и замина во соседна Јужна Африка. Според последните информации тој вчера повторно се вратил во Зимбабве. 

DW.COM

Реклама