Кризата во Турција – опасност за европската економија? | Економија | DW | 13.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Кризата во Турција – опасност за европската економија?

Инвеститорите ја губат довербата во некогашниот економски реформатор Ердоган. Кризата на Босфорот може да го собори Ердоган од власт. Но, таа може да ја погоди и европската економија, смета Хенрик Беме.

Да не се залажуваме, Меѓународниот монетарен фонд сигурно веќе подолго време има кризен план за Турција во фиока. Но, секако дека никој тоа засега нема да го потврди. Во 2002 година беше истиот случај. Турција беше нестабилна земја, инфлацијата достигна 40%, а невработеноста беше екстремно висока. Банкрот на државата можеше да биде спречен само со кредит на ММФ. Истата година на власт дојде партијата на Ердоган, АКП. Условите кои ММФ ги поставува на секоја земја на која и дава кредит беа исполнети од тогашната влада и нејзиниот премиер. Неговото име беше Реџеп Таип Ердоган. Како последица на тоа, турската економија процвета, се отворија нови работни места, инфлацијата падна под 10% и Туција стана интересно поднебје за странски инвестиции. Од тогаш па наваму и германски претпријатија се економски многу присутни во земјата. Народот почна повторно да заработува повеќе и да го велича Ердоган. Тој им донесе нова благосостојба и на земјата и даде политичка стабилност. Треба да се потстетиме и на тоа дека кога во еврото беше во криза и кога на Грција и се закануваше пропаст, Турција секогаш беше посочувана како пример како може една земја да се извади од навидум безизлезна ситуација. Но, сето ова сега е загрозено.

Кога ветрот дува од друга страна

Со сигурност, американските санкции кои стапија во сила овој понеделник се однесуваат на увоз на челик и алуминиум од Турција, сигурно се само капката која ја прелеа чашата. Оти кризата веќе со месеци ја нагризува економијата на земјата. Вредноста на турската лира од почетокот на годината и е преполовена вредноста во однос на американскиот долар. Инфлацијата е веќе над 15% и народот во Турција порано или покасно ќе го почуствува тоа на сопствена кожа. Оние кои го величаа некогашниот реформатор Ердоган, бидејќи им донесе поголема благосостојба ќе му го свртат грбот ако ја загубат работа или ако им се намали животниот стандард.

Boehme Henrik Kommentarbild App

Хенрик Беме, автор на коментарот

Турскиот претседател пак кој со неговата автократска политика ја доведе земјата во таква ситуација, вината ја префрла на трета страна. Оружјето во оваа војна било „долари, евра или злато" како што изминатиов викенд повторно изјави Ердоган. Но, тоа повторно и повторно ја доведува во прашање независноста на Турската централна банка, а тоа ги плаши инвеститорите, потоа наспроти сите економски теории, тој тврди дека мора да се намалат каматите за да се справи со инфлацијата и да се зајакне валутата. Сето ова кај акционерите и „на финансиските пазари" доведе до дополнителна загуба на довербата. Резултатот сега е очигледен. Масивен одлив на капиталот, кој што има домино ефект и врз други валути. Турците пак од кои претседателот побара нивните заштеди во долари и евра да ги сменат во лири, го прават токму спротивното. Тие исто така си ги вадат од банките и девизните заштеди.

(Сеуште) нема простор за паника

Секако дека во Европа се шири стравот од домино ефектот. Инвеститорите ги интересираат само нивните пари. Одливот на капитал и падот на вредноста на лирата со право предизвикува загриженост дека турските фирми и банки веќе нема да може да ги подмируваат своите обврски и долгови. Сепак се чини дека ситуацијата се уште може да се исконтролира. Според актуелната статистика на холандската банка АМН АМБРО, побарувачката на европските банки изнесува 143 милијарди евра. Особено засегнати се шпанската ББВА и италијанската УНИ кредит банка. Германските банки пак, имаат споредбено малку пари, односно околу 18 до 20 милијарди евра.

Секако дека никому не му оди во прилог масивен колапс на економијата во Турција, но не треба да се шири ни стравот во Европа. Економиите во евро-зоната во меѓувреме се стабилизираа па би можеле да издржат неколку потреси од Босфорот. Турската рецесија само би се вброила во низата други фактори коои предизвикуваат несигурност, како на пример, и натаму нејасниот Брегзит и непресметливата трговска политика на американскиот претстедател. Но, задачата да ја спаси турската економија му припаѓа на турскиот претседател, а дека тој тоа го умее веќе еднаш докажа.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама