Кремљ: Средбата Путин-Трамп ќе се одржи | Свет | DW | 29.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кремљ: Средбата Путин-Трамп ќе се одржи

Состанокот на претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, ќе се одржи за време на самитот на Г20 во Буенос Аирес како што е планирано, соопштија денеска властите во Москва.

„Вашингтон го потврди состанокот“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков.

Тој додаде дека се очекува теми на состанокот да бидат стратешката стабилност, контролата на вооружување и регионалните конфликти.

Од Белата куќа е најавено оти Трамп ќе има билатерални состаноци со низа светски лидери за време на престојот во Аргентина.

Повеќе:

-Путин и Трамп на рандеву во Париз

-Трамп го покани Путин во Вашингтон

-Жестока критика на умилкувањата на Трамп кон Путин

Освен со Путин, Трамп треба да се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг, со германската канцеларка Ангела Меркел и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, рече дека Трамп ќе има состанци и со претседателите на Аргентина, Јужна Кореја и Турција- Маурисио Макри, Мун Џае Ин и Реџеп Таип Ердоган, како и со индискиот премиер Нарендра Моди.

Белата куќа не ја исклучи ни неформалната средба со саудискиот претстолонаследник Мохамед бин Салман.

Самитот на Групата на индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој (Г20) започнува утре.

 

DW.COM

Реклама