Крвав напад врз коптска црква во Каиро | Свет | DW | 29.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Крвав напад врз коптска црква во Каиро

Во Египет двајца вооружени мажи убија повеќе луѓе во близина на коптска црква во Каиро. Очигледно безбедносните сили успеале да ги спречат напаѓачите да влезат во црквата.

Десет лица се убиени денеска во напад врз коптска црква во јужното предградие на Каиро, соопши египетското Министерство за здравство. Во соопштението не се наведува дали напаѓачот, кого го уби полицијата, е меѓу наведените 10 мртви.

Нападот е извршен врз коптската црква во Хеиван, во јужото предградие на Каиро. Египетските официјални лица рекоа дека напаѓачот отворил оган пред црквата Мар Мина пред да биде убиен од огнено оружје.

Повеќе на темата: 

-Солидарност со Египет

-ОН ги осудија нападите на цркви во Египет

-Расте насилството против христијаните во Египет

Расте насилството против христијаните во Египет, државната агенција МЕНА јави, повикувајќи се на неименувано официјално лице од министерството за внатрешни работи, оти денешниот напад во населбата Хеиван го извршле двајца напаѓачи, а дека едниот од нив побегнал од местото на нападот и се трага по него.

Египетската телевизија пренесе оти има еден и полицаец меѓу настраданите во нападот, а ранети се и 5 припадници од обезбедувањето. Портпаролот на Коптската православна црква наведе во соопштението дека најмалку 6 лица се убиени во нападот вклучувајќи петмина Копти и полицаец,. 

Од декември 2016 година десетици христијани, главно Копти, се убиени во напади на цркви или други цели на Синајскиот полуостров и ширум земјата..

 

DW.COM

Реклама