Крај на буџетската блокада во САД | Свет | DW | 23.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Крај на буџетската блокада во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон за привремен буџет, со кој е ставен крај на тридневната финансиска блокада и владините служби можат повторно нормално да продолжат со работа.

Финансиската блокада на владата во САД  е надмината. Сенатот и Претставничкиот дом го одобрија компромисот постигнат помеѓу Републиканската и Демократската партија, а американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законскиот акт за привремен буџет, па сега  владините служби можат повторно да ја вршат нормално својата работа.

 Компромисот предвидува прдолжување на финансирањето на буџетот до 8. февруари, а во овој период ќе се водат преговори околу нова регулатива во доселеничката политика. Демократите својата согласност за привремениот буџет ја условија со наоѓање решение, со кое на околу 700.000 доселеници, донесени илегално во земјата како малолетници, а на кои им се заканува депортација, ќе им се овозможи постојан непречен престој во САД.

Републиканците располагаат со тесно мнозинство во Сенатот, кое не е доволно во изјаснувањето за прашања од буџетската политика, па беше неопходно постигнување согласност и со Демократите. Т.н. „шатдаун“, делумното затворање на американските федерални служби стапи во сила по неуспешниот обид Републиканците и Демократите во петокот во Сенатот да постигнат компромис за буџетот. Но, без оглед што против предлогот не гласаа само демократските сенатори, туку и дел од републиканските, претседателот Доналд Трамп целата вина им ја припиша на Демократите.

 

DW.COM

Реклама