Крај за протестот на Курдите во Келн | Свет | DW | 27.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Крај за протестот на Курдите во Келн

Полицијата во германскиот град им стави крај на демонстрациите на илјадници Курди против операциите на турската војска во северна Сирија. Причина е кршење на законот за слободно собирање.

Како што портпаролот на келнската полиција, за време на демонстрациите биле приведени две лица, за кои се вели дека ги дистрибуирале знамињата на маргините на протестниот марш со ликот на притворениот водач на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), Абдула Оџалан. Дури и пред митингот, полицијата истакна дека е забрането носење на знамиња и фотографии со ликот на Оџалан. 

Инаку пред една недела Турција започна офанзива против курдската милиција ИПГ во северна Сирија. Против тоа се распламте голем протест на Курдите во Германија. Илјадници Курди се собраа денеска на демонстрации во Келн.

Германската полиција претпладнето соопшти дека 7.000 луѓе учествуваат на демонстрациите во Келн, град во кој се наоѓа голема курдска заедница. До попладневните часови се очекуваше да се соберат околу 20.000 луѓе на демонстрациите.

Повеќе на темата:

-Најавата на Ердоган за напад може да заврши неславно

-Двоен удар - Ердоган во војна против Курдите и новинарите

-Турска инвазија во Сирија: Напад врз најсилното оружје против ИД

Полицијата ги засили мерките на безбедност поради страв од можни конфликти меѓу курдските и турските мигранти. Турските мигранти ја поддржуваат воената операција која ја нареди претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Турција минатата недела започна офанзива во Африн со образложение дека сириските курдски борци од милицијата ИПГ се безбедносна закана за оваа земја бидејќи соработуваат со курдските бунтовници од редовите на ПКК во Турција.

 

DW.COM

Реклама