1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Крах на грчката берза

Паул-Кристијан Бриц/бг
4 август 2015

По петнеделна принудна пауза, на атинската берза вчера повторно се тргуваше. Но акциите експресно крахираа, а на крајот на денот берзата заврши со минус од 16 проценти, што е нов негативен рекорд.

https://p.dw.com/p/1G9Ow

Грчките инвеститори долго го очекуваа овој момент: повторното отворање на берзата. Со недели инвеститорите не можеа да реагираат на лошите вести. Кога запре тргувањето, Грција беше на прагот на излез од еврозоната. Иако оваа опасност веќе не е актуелна, лошиот берзански ден не е изненадување за аналитичарот Евангелос Сиутис.

„Постои чувство на паника. Нема ликвидност на пазарот, па некои трговци продаваат за да ослободат пари. Тие се обидуваат да ги намалат пазарните маргини, но тоа е многу тешко во овие околности бидејќи нема купувачи. А нема купувачи затоа што грчката економија е тешко погодена од наметнатите капитални контроли и затворањето на банките. Иднината е нејасна“.

Сепак, отворањето на берзата е важен симбол. Во истовреме со доаѓањето на кредиторите кои преговараат за третиот пакет помош, Атина сака да покаже дека е подготвена повторно да се натпреварува на слободниот пазар.

Крах на грчката берза

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

ДУИ Али Ахмети

Ахмети ги пофали министрите, тие го кренаа до ѕвездите

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница