Краудфандинг кампањите клучни против руската војна во Украина | Свет | DW | 06.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Краудфандинг кампањите клучни против руската војна во Украина

Обични граѓани даваат донации за украинската војска и борбата против Путин. Во Европа и САД луѓето даваат пари за комерцијално достапни дронови, комплети за прва помош и заштитни елеци.

100 Tage Krieg in der Ukraine

Украинка по нејзиното враќање во предградие на Киев

Само 48 часа откако Русија на 24 февруари го започна нападот врз Украина, Фарид Бекиров од Амстердам со уште тројца колеги решиле да ја започнат краудфандинг инцијативата - EyesOnUkraine.eu. На почетокот на јуни стартуваше нов хуманитарен конвој со теренски автомобил и 86 дронови. Тие се „очите“ за Украина.

Бекиров за ДВ вели дека сакале да ги документираат воените злосторства извршени од руската армија уште од самиот почеток. По потекло од Казахстан, овој холандски претприемач израснал во Советскиот Сојуз, во Ленинград, денешен Санкт Петербург, а од 1990-тите работи за украински авиокомпании од Западна Европа. Во времето на проевропската револуција на Мајдан во зимата 2013/2014 година лично заминал во Киев за да помогне на терен.

Набргу потоа бил сведок на илјадници доброволци кои директно од Мајдан заминуваа на истокот од Украина за да им се спротивстават на напаѓачите поддржани од Русија во Донбас. И тогаш волонтери во Украина и на Запад собирале донации за да се купат заштитни елеци и униформи за украинските војници на истокот од земјата.

Стотици иницијативи во Европа и САД

Деновиве вооружените сили на Украина распоредуваат обични комерцијални дронови со цел да лоцираат руски тенкови. Кога Русија кон крајот на февруари почна да испраќа сè повеќе тенкови кон Киев, украинските бранители можеле да го следат нивното напредување благодарение на овие беспилотни дронови на небото. По прецизното одредување на нивните локации, копнените единици потоа можеле да ги гаѓаат со минофрлачи.

Во Европа и САД има стотици иницијативи како оваа на Фарид Бекиров од Амстердам. Камил Галеев од американскиот тинк-тенк „Вилсон Центар“ на Твитер објави листа со детали за украинските воени единици, нивните банкарски податоци и какви донации им се потребни. Најмногу се барани дронови, очила за ноќно гледање, заштитни елеци и комплети за прва помош. 

И уметниците со донации за армијата

Во Украина се започнати и неколку лични кампањи за собирање средства за поддршка на војската. Меѓу нив е и Серхиј Жадан, познат романсиер и музичар од Украина. Авторот на бестселерот „Ворошиловград“ сега ја користи својата слава за да помогне во собирањето донации за поддршка на армијата на Украина.

Помага во одбраната на својот роден град Харков. Жадан на својата Фејсбук страница објавува слики од војници за кои успеал да собере средства да се купат нови возила со кои одат на фронтот. Жадан собира пари користејќи ја американската платежна платформа Пејпал (PayPal), споделувајќи ги своите податоци речиси насекаде.

„Ова со Пејпал на Жадан навистина функционира“, потврдува за ДВ и берлинскиот музичар, уметник и автор Јуриј Гуржи, кој соработувал со Жадан на неколку проекти. Гуржи се преселил од Харков во Берлин во раните 1990-ти.

Една од поголемите вакви иницијативи е онаа на основачот на интернет телевизиската станица Laisves TV, кој на крајот на мај повика на собирање донации за купување воен борбен дрон за Украина - турскиот Бајрактар. Се вели дека уредот, опремен со прецизно оружје, придонел за успехот на Украина во одбраната на главниот град Киев.

Донациите од цел свет „достигнуваат едно ново ниво“

За само 48 часа, со донации се собрани над 5 милиони евра. Набргу потоа, литванскиот министер за одбрана Арвидас Анушаускас на Твитер објави дека турскиот производител Бајрактар ќе ѝ подари воен дрон на Украина.

Маргарет Клајн, истражувач и аналитичар од Источна Европа во Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања (СВП) од Берлин, за ДВ вели дека овие кампањи за донации достигнаа „нов квалитет“. Таа вели дека биле собирани пари за шлемови и заштитни елеци уште по востанието на Мајдан во 2014 година за да им се помогне на оние што ја бранат источна Украина од руските напади. „Додека тие краудфандинг кампањи беа концентрирани во Украина, денес гледаме многу поголема меѓународна соработка“, вели Клајн.

- повеќеСАД сакаат да ѝ испорачаат на Украина „понапредни ракетни системи“.

Помошта од краудфандинг иницијативите е „од клучно значење“

Но, дали парите навистина завршуваат таму каде што се потребни? За да дознае, ДВ на почетокот на јуни стапи во контакт со украински офицер кој се бори во Донбас. Тој сакаше да остане анонимен за да не открие какви било чувствителни информации поврзани со воените операции во Украина.

- повеќе: Кое оружје ѝ го испраќа Германија на Украина?

Но, човекот, со кој репортерот на ДВ лично се познава, вели дека краудфандинг кампањите се „од клучно значење“ за војската. Тој за ДВ раскажува што добиле со донираните средства: „Теренски возила, најмногу џипови. Нашата единица нема вакви, па ги добиваме од донации од доброволци. Без тие возила, тешко може да се води војна“, вели овој украински офицер. Тој додава дека вооружените сили на Украина никогаш не купиле ниту конвенционални беспилотни летала. „Мислам дека високите армиски функционери не ни знаеле дека постојат.“

- повеќе100 дена војна: Зошто во моментов е илузорен мир во Украина

Без донирани средства, вели тој, помалите единици не би имале ниту компјутери со кои би можеле да работат. Пред 2014 година, вооружените сили немаа инвестирано во уреди за термички слики и системи за надзор. Откако револуцијата го симна од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович и Русија го нападна Донбас, таа сепак купи „помал број“ вакви уреди.

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

Донациите опаѓаат

Фарид Бакиров, претприемач од Амстердам, се надева дека поради ова и понатаму ќе пристигаат донации преку неговата краудфандинг платформа eyesonukraine.eu. Сепак е загрижен бидејќи во последно време нема нови уплати. „Изминативе недели воопшто немаме добиено никакви донации“, вели бизнисменот. Тој смета дека западната јавност е уморна од војната во Украина.

Бакиров вели и дека забележува фрустрации кај неговите украински контакти, бидејќи ветените испораки на оружје сè уште не пристигнале, иако тие би биле клучни во моментов. Бакиров вели дека војната се променила: додека одбраната на главниот град беше постигната со герилска тактика, сегашната битка за Донбас е артилериски дуел.

Покрај тоа, вели тој, руските сили сериозно ја оштетиле воената инфраструктура на земјата, како што се фабриките за муниција. Со секоја уништена фабрика, зависноста на Украина од испораките на оружје од Запад расте. Затоа Бакиров смета дека собирањето донации е единствениот начин на кој може да ѝ се помогне на Украина. Тој ќе продолжи да собира донации за дронови со кои војниците барем ќе може да следат од каде пристига заканата и како се движи агресорот.

Поврзана содржина