Кралската банка на Шкотска ќе се пресели во Лондон, ако Шкотска се отцепи | Економија | DW | 11.09.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Кралската банка на Шкотска ќе се пресели во Лондон, ако Шкотска се отцепи

„Кралската банка на Шкотска“ (РБС) објави дека ќе се пресели во Англија, ако Шкотска изгласа независност. РБС е втората по големина британска банка, која ги објави плановите за по референдумот.

Во изјава објавена денеска, „Кралската банка на Шкотска“ објави дека ќе биде неопходно да се промени седиштето на банкарската холдинг компанија, ако Шкотска изгласа независност.

Банката исто така посочи дека има намера да задржи „значително ниво“ на работни места во Шкотска, според „планот за вонредна ситуација“.

„Има бројни нејаснотии кои произлегуваат од шкотскиот референдум, кои би можеле да влијаат на рејтингот на банката и на фискалниот, монерарниот, правниот и регулаторен пејзаж во кој таа е дел“, стои во изјавата.

РБС е со седиште во Шкотска од основањето во 1727 година. Таа е формирана 20 години по создавањето на унијата меѓу Англија и Шкотска и формирањето на Обединетото Кралство на Велика Британија. Британската влада поседува 81 процент од акциите во банката.

Управата на банката со соопштение до сите свои вработени во Шкотска информира дека напуштањето на Единбург, каде сега е седиштето на РБС, е „неопходна мерка“ која мора да се преземе за да може банката и понатаму успешно да функционира.

Претходно, преселба во Лондон, доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија, најави и големата банкарската групација „Лојдс Банкинг Груп“. Оваа банкарска компанија, во која британската Влада има 25 отсто од акциите, поседува други две шкотски банки - „Банката на Шкотска“ и „Халифакс“. Засега не е познато што ќе се случи со персоналот на „Лојдс“ кој во Шкотска има 16 илјади вработени, но управата на оваа банка деталите за тоа ги најави по референдумот на 18 септември.

Селење на бизнисот од Шкотска во Велика Британија најавија и други угледни шкотски компании, доколку Шкотланѓаните се определат за независност.

Реклама