Крадецот на податоци, Твитер и ние | Информации и анализи за Германија | DW | 09.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Крадецот на податоци, Твитер и ние

Не, не станув збор за професионални хакери во случајот со украдените приватни податоци на политичари и познати личности. Тоа што во прашање е „само" обичен ученик не треба да не смирува, смета Мартин Муно.

20-годишен ученик е одговорен за кражбата на податоци која од минатиот петок ја тресе германската јавност. Еден единствен сторител кој како образложение за делото наведува дека бил бесен поради изјави на политичарите и познати личности. Подлабоки политички мотиви според информации на Сојузната служба за криминалистика немало. Според тоа е јасно дека ниту странски тајни служби, ниту руски шегобијци стојат зад чинот. Дали сега може да се опуштиме, бидејќи се работи "само" за дигитална шега на еден ученик? Не!

Случајот застрашувачки јасно покажува колку нашата свест каска зад дигиталниот напредок и тоа во двојна смисла: од една страна многу неодговорно се однесуваме со нашите приватни, па дури и интимни податоци. Од друга страна особено социјалните мрежи на драматичен начин ги менуваат нашите чувства, начинот на кој се однесуваме и размислуваме.

123456 наместо пасворд менаџер

За првиот аспект изминатите денови многу се пишуваше и всушност се беше кажано. Според експертите, општо погледнато системски релеватна слаба точка во заштитата на податоци „седи околу половина метар пред екранот". Листата со Топ 10 на најомилените германски пасворди и во 2018 ја предводи комбинацијата од броеви „123456". Двострука авторизација, пасворт менаџер или пак заклучување податоци за многумина корисници се „шпанско село”. Поимот "оскудност на податоци" пак на повеќето едноставно не им е познат. Вториот аспект е повеќеслоен и подлабоко продира во нашиот општествен живот. Почнува со крадец на податоци кој го признал делото, продолжува со шефот на Зелените Роберт Хабек и потоа не доведува до нас самите. Тоа што ученикот го направил во новиот медиумски сленг се вика „Doxing", односно објавување приватни податоци најчесто со цел други да бидат омаловажени или да им се откријат слаби точки. Се работи за податоци кои практично ја "соголуваат” жртвата. Сторителот остана неоткриен и го користеше хакираниот Твитер акаунт „Орбит" за да шири подбив и одбивност, две особини кои посебно цветаат на таа социјална мрежа.

Повеќе:

-Самоукиот германски хакер ја призна кражбата на податоци

-Шест хакерски напади кои го шокираа светот

-Бајката за незаштитениот корисник

Твитер ми е тригер"
Сега сме кај темата Роберт Хабек – кој исто така беше жртва на кражба на податоци, но истовремено и сторител кој се има покаено на твитер. Неговото збогување од платформата по објавувањето на едно видео поврзано со предизборната покраинска кампања во Тиринген, коешто имаше неумесна содржина тој го образложи со зборовите – „Твитер како ниеден друг соцјален медиум е агресивен и никаде на друго место нема толку, омраза, злоба и озборување.Очигледно твитер ми е тригерот да бидам поагресивен, погласен, да полемизирам и сето тоа со брзина која оневозможува да му дадеш малку простор и на рациото."

Kommentarbild Muno Martin

Мартин Муно, автор на коментарот

Шефот на зелените зборува за нешто што секојдневно го доживува секој од оној кој на социјалните мрежи дава политички изјави. Новинарката на ЦДФ, Никол Дикман беше натрупана со „желби“ од корисници да биде силувана, убиена или осакатена, само заради тоа што исто така на твитер пиша два збора против нацистите. Тоа што доживуваме во моментов е дека нема здрава средина за дебата „тоа е социјалната патологија на нашето време, да не дели и да прави поделби во однос на идентитетот и разликите," изјави публициската Каролин Емке уште во 2016та во обраќањето по повод добивањето на Мировната награда на германските издавачи. Тоа денеска е порелевантно од било кога.

Црешата на шлагот

Она што го гледаме во политичките препукувања влијае и на општата култура на социјалните мрежи. Таа е карактеризирана со слогани, кратенки и грубост која сега веќе се одразува и на нашата секојдневна комуникација. Кражба на податоци и „доксинг“ за да се нанесе штета на други е само црешата на шлагот. Тоа што сме на најдобар пат да изгубиме почит во нашата комуникација е делот што не се гледа, а е секогаш поголемиот, невидлив дел.

 

DW.COM

Реклама