Кој ќе го предводи Израел во иднина? | Свет | DW | 09.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кој ќе го предводи Израел во иднина?

Дали Бенјамин Нетанјаху ќе остане премиер или пак со земјата ќе владее новиот лик во политиката Бени Ганц? На денешните избори екстремно-десничарските партии би можеле да бидат јазичето на вагата.

Пролетна вечер во популарното пристаниште во Тел Авив. Група од претежно млади, национал-религиозни поддржувачи е дојдена за настапот во предизборната кампања на Моше Фајглин, шефот на новата десно-национална партија Зехут. Во ќоше пред салата седат неколку луѓе на вештачката трева и пушат џоинт. До нив неколку мажи се молат. Внатре има пуканки и писанијата на Фајглин во укоричена форма. „Време е политичкиот систем да го ослободиме од стагнацијата на 70 години", довикува партискиот шеф кон восхитената толпа. „Сеедно е, дали лево или десно, сите сакаат држава која интервенира и која земјата ќе ни ја подели на две држави", вели тој. Партијата на Фајглин сака само "една држава": Израел, кој ги вклучува и окупираните палестински области. Зехут на Моше Фајглин што во превод значи идентитет, е една од повеќе помали десничарски партии кои на 9 април ќе се борат за гласови. Фајглин веќе еднаш бил пратеник: до 2015 седеше во Кнесетот како претставник на партијата на Бенјамин Нетанјаху Ликуд и на повеќето Израелци им е познат како десен националист. Ново формираната партија Зехут се најде во фокусот на вниманието во изминатите недели пред се заради тоа што бара легализација на канабидот во Израел. Во медиумите Зехут наидува на потсмев. Истражувачите на јавно мислење на партијата на почеток не и обрнуваа многу внимание, се додека во анкетите не пона континуирано да расте поддршката за неа и прогнозите не предвидоа до шест освоени места. „Зехут е чудна креација, која десноекстремистичките идеи за Голем Израел ги меша со легализација на марихуана. Изгледа како атрактивен обид да се понуди нешто 'поинакво'", вели Гидеон Рахат од „Израелскиот институт за демократија". Затоа партијата очигледно повлекува и гласачи надвор од традиионалниот десен блок. „Конзумирам канабис и се обидувам и други да ги убедам за предностите. Затоа легализацијата на канабис за мене е најважното нешто, квази лекот за оваа нација", вели Бен Черут, еден од младите поддржувачи на партијата.

Wahlkampf in Israel 2019, Parteichef Moshe Feiglin - Wahlplakat auf Veranstaltung in Tel Aviv
(DW/T. Kraemer)

Моше Фајглин


Само трик или јазичето на вагата?

„Зехут е интересен феномен, но не е уникат. При речиси сите избори има нова партија која привлекува гласачи кои повече гласаат од протест за нив", вели Тамир Шефер, професор за политички комуникации на Хебрејскиот универзитет. Поддржувачката на Зехут, Сара Џој, вели дека не се чувствува какао гласач од протест, туку партијата ја гледала како алтернатива, ообено за социјални и економски прашања. „Таа е само знак за тоа дека нештата мора да се менуваат. Речиси сите други партии во Кнесетот моментално немаат план, а Зехут има созреана политичка програма", вели 30 годишната.
Во нивната програма која брои повеќе од 300 страници се пишува за обемни реформи на образовниот и здравствениот систем или на пример за граѓански брак без мешање на рабинот. Зехут сака и чисто израелски суверенитет на Sидот на плачот и џамијата Ал Акса. Местото е свето како за Евреите, така и за Муслиманите. Според волјата на Зехут би требало да биде анулиран и Мировниот договор од Осло со Палестинците, а окупираниот Западен Јордан да биде анектиран. Арапските жители во тој случај би требало да бидат или "интегрирани" или пак да се даде поттик да ја напуштат земјата. Џој вели дека Фајглин бил само реален. „Сакаме мир, но мора да застанаме за себе и да кажеме дека ова е наша земја. Веќе 25 години се зборува за решението со две држави и тоа не функционира. Актуелната ситуација не е одржлива", вели таа.

Wahlkampf in Israel 2019, Zehut-Anhänger auf Wahlveranstaltung in Tel Aviv (DW/T. Kraemer)

Приврзеници на партијата Зехут


Натамошно поместување кон десно?

Зехут би можел да стане еден од главните креатори на идната коалиција, ако освои бројот на места во Кнесетот како што покажуваат проценките. Фајглин до сега не сакаше да се определи дали би коалицирал со Ликуд на актуелниот премиер Нетанјаху или пак со новата партија од десниот центар Кахол Лаван на Бени Ганц. Кахол Лаван на анкетите води, но би можела да има проблеми да формира коалиција. Заради израелскиот повеќепартитен систем големите партии зависат од помали коалициски партнери. При изборот е важно и дали Израел ќе биде воден од влада од левиот центар или повторно од десна, национал-религиозна коалиција. „Наједноставното што може да се каже за израелската политика е дека денес десниот блок го превагнува левиот. Пред 20 години беше обратно, тогаш израелската политика беше позиционирана многу полево", вели политикологот Шефер. „Денеска левицата бележи загуби, а десницата расте."
Последната коалиција важи за една од најдесно позиционираните од изминатите години во Израел. На изборите во вторникот со свои кандидати настапуваат и многу мали десничарски партии, меѓу кои е и национал-религиозната "Еврејски дом", која загуби двајца од нејзините најзвучни претставници, министерот за образование Нафтали Бенет и министерот за правда Ајелет Шакед. Обајцата сакаат со новата партија „Нова десница" да влезат во Кнесетот. Шакед неодамна се најде во насловните со контроверзно видео од кампањата. Наликува на реклама за козматика, министерката е моделот и рекламира парфем под  името „Фашизам”, но всушност со тоа го критикува израелскиот правосуден систем.

Israel Wahlkampf 2019 | Moshe Feiglin, Zehut-Partei (picture-alliance/NurPhoto/G. Yaari)

Моше Фајглин


Но, би можело да се појави уште една поекстремна групација во Кнесетот. За да го зајакне десниот блок, Нетанјаху притисна три помали ултрадесничарски партии предизборно да се здружат. Без таквото здружување веројатно не би ја поминале границата од 3,25 проценти за да влезат во израелскиот парламент.
Меѓу нив е спорната "Израелска сила" (Otzma Yehudit) која ги следи екстремистичките учења на рабинот Меир Кахане кој во 90тите години беше застрелан во САД. Партијата на Кахане беше позната по насилни испади и идејата за голем Израел. Во САД партијата беше карактеризирана како терористичка организација и подоцна беше забранета и во Израел. Во март највисокото судско тело во Израел го исклучи актуелниот шеф на партијата „Еврејска сила", Мајкл Бен Ари, од парламентарните избори заради анти-арапски изјави. Останува да се види дали друг кандидат од заедничката листа ќе успее да влезе во Кнесетот. Политичкиот маневар на Нетанјаху од многу страни беше оценет како "морален банкрот, како во земјата, така и во странство.

 

 

DW.COM

Реклама