Кој ќе го наследи Зоран Заев? | Северна Македонија | DW | 22.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Кој ќе го наследи Зоран Заев?

Јавно никој не ги обелоденува своите амбиции за лидерската позиција, но во јавноста изминатиов период се вртат повеќе имиња коишто би можеле да влезат во внатрепартискиот изборен барабан.

Утре започнува процедурата за  заминување на Зоран Заев од премиерската и претседателската функција во СДСМ. По завршувањето на состанокот со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во петокот, тој најави дека ќе побара од партиските органи да се ефектуира неговата оставка, која бешенајавена по вториот круг на локалните избори

На утрешните состаноци на Централниот и на Извршниот одбор на партијата, треба да биде констатирана оставката и да почне постапката за избор на нов претседател на СДСМ. Заев порача дека заминувањето е конечно и во иднина, и партијата и владата треба да добијат нов предводник, а функциите, според него, треба да ги преземе една личност. Но, кој ќе биде неговиот заменик? Јавно никој не ги обелоденува своите амбиции за лидерската позиција, но во јавноста изминатиов период се вртат повеќе имиња коишто би можеле да влезат во внатрепартискиот изборен барабан. 

Комбинаторики 

Во пресрет на утрешните состаноци, најблиските соработници на Заев изминативе денови изјавија дека е најдобро тој да остане на лидерската позиција. Тие му испратија порака дека избрзал со одлуката и тврдат дека не се гледаат во улогата на негови наследници.  

Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, смета дека закажаните состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание бидејќи се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во која што и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, со само еден кандидат. „Доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите“, рече денеска Николовски. 

Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen

Во пресрет на утрешните состаноци, најблиските соработници на Заев изминативе денови изјавија дека е најдобро тој да остане на лидерската позицијa.

Воздржана околу коментарите за наследниот на Заев е и министерката за образование, и една од потпретседателите во партијата, Мила Царовска. „Ниту е моја надлежност да го кажувам, ниту сметам дека треба да се шпекулира. Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што тие ниту се наивни и треба сериозно да се разгледуваат затоа што иднината и курсот на државата и развојот нејзин зависат од тие одлуки“, вели Царовска. 

Таа укажува дека важно е што ќе се случува со мнозинството во Собранието.

„Некои одлуки во дадени моменти покажуваат ширина, а таква е и одлуката на Заев. И тоа е таа одлука. Тој го кажа својот став и тоа е негов став и треба да се почитува“, децидна е Царовска. 

На иста линија 

На иста линија се и размислувањата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е висок функционер во партијата. Според него,  најдобро е Зоран Заев да биде тука, и на чело на партијата и на Владата во овој период. „Се е можно секогаш, меѓутоа ако ги гледаме неговите ставови во однос на моралната посетавеност, не знам дали е возможно“, изјави Спасовски за Утрински брифинг. 

„Знаете дека претседателот Заев носеше многу храбри одлуки, многу атипични одлуки, кои во еден момент не можеа да бидат разбрани за подоцна да сфатиме дека тоа било добро. И сега гледам дека има  многу забалешки дали е сега моментот, таква одговорност да се поставува  пред граѓаните и општеството во делот на активностите“, додаде Спасовски. 

Деновиве и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која во мај се повлече од потпретседателската функција во СДСМ, порача дека Заев направил грешка најавувајќи оставка по изборните резултати на локалните избори во октомври годинава. „Претседателот на СДСМ и премиерот погреши што го врза својот мандат со резултатот на локалните избори ако е така тогаш парламентарните треба да се заедно со локалните. Мојата проценка е дека изјавата на Заев води кон нов лидершип и партиски и владин“, вели Шекеринска. 

Шпекулации 

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев во петокот порача дека идниот лидер би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата Влада. Ваквата изјава ја даде по средбата со Алтернатива, на која дојде придружуван од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Токму тоа ги подгреа шпекулациите во јавноста дека станува збор за сериозен кандидат кои би можел да го замени Заев на премиерската и лидерската функција. Заев не ја потврди таквата информација, туку порача дека СДСМ на внатрепатриски избори ќе треба да ја донесе одлуката кој ќе биде идниот лидер на партијата.   

Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen

Доколку утре се официјализира оставката на Заев пред партиските органи, партијата ќе треба да започне постапка за избор за нов лидер.

Заев беше беше избран за лидер на  владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) од 2013 година, откако беше заменик-претседател на партијата помеѓу 2006 и 2008 година. Тој е член на СДСМ од 1996 година.

-повеќе на темата: Од влада „Заев три“ кон влада „НН еден“

Доколку утре се официјализира неговата оставка пред партиските органи, партијата ќе треба да започне постапка за избор за нов лидер. Според партискиот статут, одлуката за распишување избори ја носи Извршниот одбор најдоцна 15 дена по престанокот на функцијата. Лидерот се бира на непосредни избори, со тајно гласање на сите пријавени членови.