Кој сѐ смее да служи во армиите низ светот? | Информации и анализи за Германија | DW | 28.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Кој сѐ смее да служи во армиите низ светот?

Размислувањата на Германија за да им се дозволи на граѓани на ЕУ да служат во Бундесверот не се единствени. Многу земји, меѓу кои и Русија, Франција и САД, дури им ветуваат и државјанство на странските регрути.

Најавата дека на граѓаните на ЕУ може да им биде дозволено да служат  во Бундесверот, пред сè, предизвика загриженост за состојбата на германската војска и ситуацијата со квалификуван кадар во армијата - и тоа е донекаде во ред. Генералниот инспектор на Бундесверот, Еберхард Цорн, како да сакаше да ја намали ваквата загриженост, па појасни дека се размислува само за лекари и специјалисти за ИТ, а не за активни војници.

Како највисок по чин војник во Бундесверот, Цорн знае дека ваквите идеи не се нови. На пример, сојузната министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, во нејзината Бела книга за германските вооружени сили во 2017 година, ја изнесе идејата за проширување на можностите за регрутирање нови војници.

General Eberhard Zorn Generalinspekteur der Bundeswehr (Imago/photothek)

Генералот Еберхард Цорн

Во други земји, пак,  веќе е вообичаена практика странски државјани да служат во националните армии. Еве неколку примери:

ЕУ: Белгија, Данска, Луксембург и Ирска

Неколку помали земји од ЕУ регрутираат војници од целиот континент. На граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 18 и 34 години им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Белгија од 2004 година. Данските војници им дозволуваат на странските регрути, сѐ додека живеат во Данска и зборуваат дански јазик, и Луксембург, исто така, им овозможува на граѓаните на ЕУ да се приклучат на војската, ако живеат во земјата три години и се на возраст меѓу 18 и 24 години.

Ирска му овозможува на секој граѓанин од Европската економска област (ЕУ плус Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) да се приклучи на војската, додека другите странски државјани можат да аплицираат ако живеат во Ирска три години.

Обединето Кралство

Велика Британија во своите воени редови традиционално има регрути од поранешните колонии на нејзината империја, која во првата половина на 20 век стана меѓународна организација од 53 земји, познати како Комонвелт, а сега блок од околу 2,3 милијарди луѓе, вклучувајќи ги и Австралија, Индија, Канада, Кенија и Фиџи.

Франција

Француската Легија на странци останува единствена како најстар армиски огранок во странство, кој сѐ уште е активен. Основана е во 1831 година, странските државјани сѐ уште ги командуваат француски офицери и можат да аплицираат за француско државјанство по тригодишна служба.

Trauer um Opfer in Nizza (Reuters/E. Gaillard)

Војник на Легијата на странците

Шпанија

Од  2002 година Шпанија им дозволи на странците да влезат во нејзината војска, кога почнаа да регрутираат граѓани од поранешни колонии (мерка која некои ја нарекуваат империјалистичка). Но, новиот начин за вработување ги исклучи Мароканците, иако нејзиниот северен дел некогаш беше шпанска колонија.

Русија

Русија ги омекна сопствените правила за странските државјани кои се приклучија на војската во 2010 година, потег кој се смета за начин етничките Руси кои живеат во земјите од поранешниот Советски Сојуз да се вратат.

Русија, исто така, армијата ја направи „брз пат“ за добивање државјанство: странците кои зборуваат руски можат да потпишат петгодишни договори да служат војска, со можност да аплицираат за државјанство по три години.

Соединети Американски Држави

САД им овозможуваат на постојаните жители и сопствениците на зелени карти да се приклучат на војската (иако не стануваат овластени офицери), начин кој исто така се смета за брз пат до американско државјанство.

Во 2002 година, претседателот Џорџ В. Буш потпиша налог со кој ќе се забрза постапката за државјанство за странските војници во армијата. Сега околу 8.000 странци секоја година се приклучуваат на американската војска, а двете најголеми земји од каде доаѓаат регрутите се Мексико и Филипини.

Реклама