Кој пукал врз цивилите кај Џалалабад? | Свет | DW | 05.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој пукал врз цивилите кај Џалалабад?

Осум цивили загинале а 35 биле повредени во престрелките што избија по самоубиствениот бомбашки напад врз еден конвој на американската армија во близина на авганистанскиот град Џалалабад .Сеуште меѓутоа не е познато, кој пукал врз цивилите , американските војници или талибанските бунтовници

Очевидец на престрелката кај Џалалабад

Очевидец на престрелката кај Џалалабад

Атентаторот самоубиец го навел својот автомобил во конвојот на американската армија, што минувал во близина на Џалалабад , авганистанскиот град непосредно пред границата со Пакистан . Жртви на американска страна во овој напад немало .

Очевидци и авганистанските власти соопштија дека потоа Американците отвориле оган врз околните возила . Притоа животот го загубиле 8 цивили а 35 биле повредени.

Меѓутоа во соопштението на американската армиај е наведено дека војниците пукале во самоодбрана од Талибанците и оти е нејасно дали цивилите страдале од куршуумите на Американците или на бунтовниците.

Смртта на цивилите во меѓувреме предизвика жестоки протести . Стотици Авганистанци во Џалалабад демонстрираа против САД и авганистанската влада и го блокирааа главниот пат кон Пакистан . Тие фрлаа со камења а извикуваа и пароли – Смрт за Америка.

На својата интернет страничка Талибанците ја презедоа одговорноста за самоубиствениот напад и ги обвинија – цитираме –странските окупатори за смртта на цивилите .

Во изминатите неколку месеци ваквите случаи зачестија, значи ситуации во кои американските или војниците од меѓународните сили ИСАФ пради страв од самоубиствени напад пукаат во цивили. Владата во Кабул побара од меѓународните сили да бидат по претпазливи.

Во меѓувреме пак во борбите на југот од Авганистан живтот го загубија двајца војници на ИСАФ . Оваа година во Авганистан беа убиени 22 странски војници .