Кој може да донесе мир во Либија? | Свет | DW | 03.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кој може да донесе мир во Либија?

Ситуацијата во Либија ескалира. Брзо политичко решение нема на повидок. Поделените ставови во ЕУ создаваат ‘вакуум’ од кој профитираат други сили.

Наскоро и Турција може да се замеша во граѓанската војна во Либија. Турскиот парламент делуваше според желбата на претседтелот Ердоган и вчера (2.1) даде формална дозвола на владата да испрати копнени сили во Либија. Ердоган сака на тој начин да ја поддржи владата во Триполи која е призната од ООН во борбата против лидерот на милитантите Хафтар. Платеници од Сирија испратени од Турција наводно веќе се на терен, известуваат разни експерти, додека на другата страна војуваат платеници од Судан и Русија.

Од падот на долгогодишниот владетел Гадафи во 2011 состојбата во земјата е хаотична. За сега постојат два спротиставени табори: владата на Фајис Ал Сараџ која е признаена од многу земји и од ООН, како и милитантите на генералот Хафтар. Тој го контролира истокот на земјата и го поддржуваат меѓу другото Египет, ОАЕ и Русија.

Офанзива врз Триполи

Во април минатата година силите на Хафтар почнаа напад врз Триполи. Неговите борци напредуваа се повеќе кон главниот град. Војската на Хафтар, самонаречената Либиска национална армија соопшти дека борците биле оддалечени само десет километри од центарот. Таканаречената.влада на единство на Сараџ за сега не го контролира дури ни целото подрачје на Триполи и е зависна од воената поддршка од одредени сили кои пак таму се заради свои интереси. Ситуацијата во Либија ескалира. Брзо политичко решение не е на повидок. Поделените ставови во ЕУ создаваат вакуум ид кој профитираат други сили. Од почетокот на офанзивата пред 8 месеци според податоци на ОН се убиени повеќе од 280 цивили, а повеќе од 140 илјади лица се протерани.

Сараџ уште во ноември минатата година потпиша договор со Турција кој и овозможува на Анкара испраќање на воздушни, копнени и поморски сили, како и испорака на оружје.

„За да може Сараџ да се одржи на власт ја прифаќа помошта од Турција", вели Клаудија Газини од Меѓународната кризна група. "Но тоа значи дека битката околу главниот град ќе ескалира."

Борба за надмоќ

Европската Унија се обидува да посредува околу прекин на огнот во Либија. Конференцијата која треба да се одржи во јануари во Берлин според експертот за Либија, Газини речиси и да нема шанси за успех. „Во сегашната клима прашање е дали еден мировен самит може да доведе до крај на непријателствата во Либија," вели Газини, која е советник на специјалниот пратеник на ОН за Либија, Гасан Саламе. Освен тоа генералот Хафтар не е подготвен на преговори и сака по секоја цена да ја задржи моќта. Воениот лидер сака да ја продолжи војната и тоа ќе го прави сѐ додека има воена помош од своите сојузници.

Дополнително и Европејците немаа единствен став во однос на конфликтот во Либија. Така на пример, Италија како и поголемиот дел од земјите во ЕУ стојат зад владата на Ал Сараџ, додека Франција го поддржува Хафтар. Либискиот политички аналитичар Мохамед Фојад не предвидува активна европска улога: „ЕУ не може да го стави под притисок Хафтар. Од друга страна, европските држави на унитарната влада и покрај политичката поддршка не можат да и понудат ништо друго."

Триполи „без алтернатива“

Политичкиот совеник Газини има ист став: „Триполи треба да стави крај на војната, но за тоа не добива конкретна помош од ЕУ," објаснува таа. И шефот на унитарната влада поддржана од ОН, го оправдува договорот со Турција. Во интервју за италијанскиот весник “Кориере дела сера“, Ал Сараџ вели дека неговата влада исто така ја молела Италија за оружје, но не добиле одговор. „Секој кој не критикува треба прво да се запраша што би сторил да е на наше место, при што ќе увиди дека немаме друга алтернатива."

Контроверзен проект

Од меѓународен аспект, воената соработка меѓу владата на Сараџ и Турција е многу контроверзна. „Турција со владата во Триполи исто така има потпишано договор за контрола на медитеранските води," објаснува Газини. „За Европејците тоа е кршење на грчкото право. ЕУ е многу скептична во однос на овој сојуз."

За Ердоган пак Либија се чини пред се е уште една арена каде што може да се бори против Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет – сите сојузници на Хафтар – за превласт во регионот. Директна турска интервенција во Либија би претставувала реален ризик од ескалација на војната во Триполи, вели Клаудија Газини. ЕУ би можела да го забави, но не и да го запре Хафтар. Единствениот начин да се запре војната и да се постигне мир, е да се запрат меѓународните сојузници да им испорачуваат оружје на двете страни.

 

Реклама