Кој е европски шампион во загаденост на воздухот? | Свет | DW | 19.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кој е европски шампион во загаденост на воздухот?

И покрај подобрувањата на квалитетот на воздухот во последните децении како резултат на политички мерки, загадувањето на воздухот во Европа генерално е се’ уште е поголемо од дозволеното. Во некои земји рекордно поголемо

Прошетките во природа го намалуваат стресот и се здрави. Барем во принцип. Но, колку навистина е чист воздухот којшто секојдневно го дишеме? 

Квалитетот на воздухот се мери според тоа колку има ситна прашина, азот диоксид и фотохемиски смог. Овие три елементи се најопасните за човечкото тело и не смеат да ја пречекорат од страна на Светската здравствена организација научно докажаната гранична вредност. Лошиот воздух во Европа е одговорен за рана смрт на 700.000 луѓе годишно. Една четвртина од сите срцеви заболувања и мозочни удари и речиси половината од заболувањата на белите дробови, според СЗО, се должат на загадувањето на воздухот.

Гледај видео 02:14

Како самите да придонесеме за почист воздух?


И покрај подобрувањата на квалитетот на воздухот во последните децении како резултат на политички мерки, загадувањето на воздухот во Европа генерално е се’ уште е поголемо од дозволеното.

Најзагаден воздух во Европа се дише во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово. Следуваат Бугарија, Србија и Полска. Ако сакате да дишете најчист воздух во Европа, тогаш мора да живеете во Исланд, или во скандинавските земји. 

Во едно актуелно истражување научниците од Оскфорд докажаа дека намалувањето на фосилните емисии и насочувањето кон обновливи енергии би можело да ја намали стапката на смртност од загадување на воздухот за повеќе од половина. 

Значи, многу работи се и натаму во рацете на политиката. Така, во државите на ЕУ до 2020 година 20% од енергијата би требало да се добива од обновливи извори, а до 2030 година - најмалку 32%. Освен тоа, во повеќе градови е веќе воведена забрана за дизел-возила или таква забрана ќе се воведе наскоро. 

Но, за подобар квалитет на воздухот можеме да придонесеме и ние: да користиме јавен сообраќај, да возиме велосипед или да одиме пеш, да штедиме енергија, да согоруваме што е можно помалку јаглен или дрво, да го компостираме или рециклираме отпадот. И, не како последно, да станеме граѓански поактивни за чист воздух во нашите градови. 

Каков е квалитетот на воздухот во вашите градови? Пишете ни! Дискутирајте со нас! 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама