Кој да знае дека златото во кофа се чува? | Панорама | DW | 01.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој да знае дека златото во кофа се чува?

Непознат крадец го искористи невниманието на обезбедувањето и од камион украде кофа. Се испостави дека во кофата имало, ни помалку ни повеќе, туку злато вредно 1,6 милиони долари

Њујоршката полиција трага по непознат маж кој успеа да украде кофа со злато од камион и незабележан да им побегне на чуварите.

Златото во кофата било вредно околу 1,6 милиони долари, а била сместена во камион со кој се разнесувале пратки во кварт на Менхетн во Њујорк познат по продавниците за накит и злато. Снимен е како бега од безбедносните камери. Во неколку наврати, крадецот прави и пауза поради тежината (39 килограми) на кофата.

Полицијата смета дека се работи за „опортунист“ кој не знаел што краде. Се претпоставува дека крадецот избегал во Флорида. Дали и како ги троши парите, никој не знае. Целата „акција“ можете да ја видите и на видеото: 

Гледај видео 00:53

Кој да знае дека златото во кофа се чува?

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама