Кој го смени Томислав Николиќ? | Теми на денот | DW | 14.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кој го смени Томислав Николиќ?

“Се повлекувам од функцијата претседател на српскиот парламент“ - изјави вчера вечер вториот човек на Српската радикална партија, Томислав Николиќ. Со оставката само пет дена по изборот, тој го спречи гласањето за недоверба што веќе се подготвуваше меѓу пратениците од демократскиот табор.

Томислав Николиќ од Радикалната партија на Србија

Томислав Николиќ од Радикалната партија на Србија

На оставката на Томислав Николиќ и‘ претходеше целодневна расправа во Српскиот парламент. На крајот тој оддржа десетминутен говор, во кој го обвини мандатарот за идната влада, досегашниот премиер Воислав Коштуница дека го изневерил нивниот усмен договор. Николиќ уште додаде дека на местото претседател на парламентот го избрал српскиот народ, а сега го сменуваат Вашингтон и Брисел.

Чедомир Јовановиќ, претседател на Либерално демократската партија побара објаснување од Демократската партиија на Србија зошто за само неколку дена го сменила ставот кон Николиќ:

“Ако причините се такви, какви што се и нашите, а тие се врзуваат за политичката улога на претесдатеоот на парламентот во минатото, за грешките што ги направи за време на извршувањето на функцијата и штетата што произлезе од неговиот избор на местото претседател на парламентот – тогаш тоа е за нас во ред“ - нагласи Чедомир Јовановиќ.

Пратениците на Демократската партија и на Демократската партија на Србија не учествуваа во расправата и тоа го образложија со временскиот теснец за избор на новата српска влада. Според законот имено до утре мора да биде формирана нова влада или во спротивно мора да бидат распишани нови избори. Мандатарот за новата влада, Воислав Коштуница, се очекува утре попладне да се појави во пратеничкиот дом и да поднесе експозе за нејзините главни насоки.

Во Брисел со нетрпение се очекуваат насоките на српската влада и ветуваат забрзана интеграција на Србија во ЕУ, пред се‘ преку обнова на преговорите за придружување. Таму денеска заседава проширениот состав на Министерскиот совет со шефовите на дипломатијата и министрите за одбрана.

Реклама