Кој гласа за популистите? Не се тие што мислите | Свет | DW | 20.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кој гласа за популистите? Не се тие што мислите

Една нова студија ја урива тезата дека за популистите гласаат сиромашните, необразованите и постарите. Клучна е само една точка: дали некој мисли дека имиграцијата е лоша за Германија.

Студија на Универзитетот Марбург во западна Германија открива дека традиционалните наративи за гласачите на крајната десница веројатно се повеќе базирани врз стереотипи одошто факти.

Социологот Мартин Шредер ја собори теоријата дека за десничарската Алтернатива за Германија (АфД) во Германија гласаат луѓе со мал приход и со ниско ниво на образование. Фактите говорат дека само една категорија ги обединува десничарите: ксенофобијата.

„Поддржувачите на АфД доаѓаат од сите нивоа на општеството“, вели Шредер. Она што им е заедничко е дека „тие не сакаат бегалци да мигрираат во Германија“.
Додава и дека е чудно тоа што „ниту една постојна студија не го искалкулирала влијанието на ксенофобното однесување и покрај тоа што тоа го засенува секој друг фактор“.

Откако интервјуирал стотици гласачи и симпатизери на националистичката АфД и на други крајно десничарски партии, Шредер открил дека „немало разлики меѓу испитаниците со високо образование и оние со ниско образование во однос на поддршката за АфД“. 

Deutschland AfD & Religion | Kreuz & AfD-Logo (Imago/J. Jeske)

Поддржувачите на АфД доаѓаат од сите нивоа на општеството

Економијата нема голема улога

Користејќи мултиваријабилна анализа, социологот заклучил и дека нема директна врска меѓу поддржувачите на АфД и нивниот приход или работно место.
Шредер открил и дека идејата оти крајните десничари се т. н. „губитници од модерното“, или постари, помалку технолошки обучени, рурални Германци; исто така нема врска со реалноста.

„Најсилниот ефект е нивниот однос кон бегалците и странците“.

Според студијата, луѓето кои веруваат дека Германија се подобрува благодарение на присуството на имигрантите имаат 80 отсто помали шанси да гласаат за АфД одошто луѓето кои немаат таков став. Притоа, испитаниците кои биле загрижени за имиграцијата имаат за 4,6 пати повеќе шанси да гласаат за радикалната десница. Дополнително, анализата ги споредила и т. н. „онеправдани“ луѓе со ксенофобни ставови и т. н. „привилегирани“. Привилегираните лица имале за 2,2 отсто повеќе шанси да ги симпатизираат популистите.

Оттука, извештајот заклучува дека „е погрешно да се смета дека општествените губитници стојат зад АфД. Симпатизерите на АфД се плашат поради имиграцијата, особено за бегалците, и претежно се загрижени дека тие на некој начин културно ќе ја уназадат Германија. Економските фактори се секундарни во поддршката за АфД“.

DW.COM

Реклама