Коѕијас сака решение во спорот за името годинава | Северна Македонија | DW | 04.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коѕијас сака решение во спорот за името годинава

Шефот на грчката дипломатија излезе со оптимистички став во врска со решавањето на деценискиот спор по состанокот на потесниот кабинет на грчката влада предводен од премиерот Алексис Ципрас во Атина.

Грција сака да го реши деценискиот спор околу името на Македонија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во Атина. Таквиот договор се очекува да ги одблокира аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО и да започне преговори за членство со ЕУ.
„Мислам дека 2018 ќе биде годината кога надворешно-политички прашања кои беа заглавени во кал со децении ќе се решат“, изјави Коѕијас во Атина, по одржаниот состанок на потесното раководство на грчката влада.

„Сите ќе придонесеме за добробитта на целиот Балкан“, дополни Коѕијас. 

Повеќе на темата: 

Атина: Вашингтон притиска за влез на Македонија во НАТО 

Почеток на маратонски консултации меѓу Скопје и Атина


Повеќе сигнали од Скопје и Атина последниве месеци укажуваат дека двете влади се обидуваат да го забрзаат решавањето на спорот во пресрет на самитот на НАТО во јуни годинава во Брисел. Германската агенција ДПА, повикувајќи се на грчки дипломатски извори денеска објави дека САД вршат голем притисок за влез на Македонија во НАТО.

Коѕијас денеска рече дека се преговара за сложено име.
„Во спорот за името, владата преговара и поддржува сложено име кое ќе биде употребувано насекаде“, рече Коѕијас без понатамошна елаборација.

Griechenland Verteidigungsminister Panos Kammenos (Louisa Gouliamaki/AFP/Getty Imagesreek Ministry of Defence)

Панос Каменос, според грчките медиуми, попушта во инсистирањето да не се користи терминот Македонија

Во грчката влада сепак нема единствен став по ова прашање. Лидерот на помалиот коалициски партнер на левичарската Сириза во владата, Панос Каменос од партијата Независни Грци, кој е министер за одбрана, сѐ уште се залага за решение на проблемот со име кое нема да го содржи терминот Македонија. Каменос, како што пренесува МИА, по состанокот сепак рече дека има доверба во министерот Коѕијас дека ќе се најде добро решение. Каменос, според грчките медиуми, сепак оставил простор за решение кое би го содржело терминот Македонија, и ја критикувал опозициската Неа демократија поради ставот дека нејзините пратеници ќе го поддржат ставот на владата само доколку и тој го поддржи.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама