Коѕијас: не ни треба гнил компромис | Северна Македонија | DW | 11.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коѕијас: не ни треба гнил компромис

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ во Белград оцени дека клучот за решавање на спорот за името е во реализмот и прагматизмот.

„Мислам дека клучот за ова прашање е реализмот, прагматизмот и разбирањето дека мораме да направиме компромис, но не гнил компромис, како што јас велам, туку вид на компромис од кој двете страни ќе добијат нешто“, изјави Коѕијас во Белград. Грчкиот министер вечерва пристигнува во Охрид каде ќе одржи нова рунда разговори со домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Пред новинарите во Белград, Коѕијас уште еднаш објаснуваше како тој го разбира компромисот во спорот за името.
„Компромис значи дека обете страни треба да разберат дека не можат да добијат сѐ, и дека обете страни треба да имаат корист. Се надевам дека двете страни во преговорите ќе го сфатат тоа и дека ќе имаме позитивни резултати“.

Српскиот министер Дачиќ на прес-конференцијата рече дека се надева оти двете земји ќе најдат заедничко решение за спорот, и оцени дека најдобриот начин за тоа е преку директни преговори. 
Целата изјава на Коѕијас погледнете ја во видеото: 

Гледај видео 01:01

Коѕијас: „Компромис за името од кој двете страни добиваат нешто“

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама