Косово: Чекор понапред кон визна либерализација | Информации и анализи за Балкан | DW | 30.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Косово: Чекор понапред кон визна либерализација

Надлежниот комитет во Европскиот парламент денеска ја усвои препораката за визна либерализација за Косово. Ова е многу важен чекор, истакна известувачката на ЕП за Косово, Тања Фајон

Комитетот на Европскиот парламент за граѓански слободи правда и внатрешни прашање (ЛИБЕ) му препорача на Европскиот парламент да ја усвои одлуката за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.

Како што пренесоа медиумите во Приштина, за таа препорака гласале 20 членови наКкомитетот, десет биле против а двајца се воздржале од гласање.

Европратеничката и известувачка на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон ги повика членовите на Комитетот да гласаат за либерализацијата, со оглед дека Косово изминало долг пат до укинувањето на визите. 

Tanja Fajon (Getty Images/AFP/J. Mokovec)

Тања Фајон

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа свој придонес, бидејќи тоа беше дол пат. Ова е многу важен чекор за Косово, кое е изолирано многу долго време. Знам колку беше тешко и колку напорно работеа тие. Ве повикувам да го поддржите процесот за визна либерализазација за Косово“, истакна Фајон.

Европската комисија во јули потврди дека Косово ги исполнило сите 95 услови за укинување на визниот режим. Граѓаните на Косово се единствени во Европа, кои сѐ уште не можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната

DW.COM

Реклама