Србија и Косово почнаа со деблокада на граничните премини | Информации и анализи за Балкан | DW | 02.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Србија и Косово почнаа со деблокада на граничните премини

Србија и Косово денеска почнаа со отстранување на блокадите на граничните премини. Чекорот е преземен по постигнувањето договор со посредство на ЕУ.

Припадниците на специјалната косовска полиција изутринава почнаа да се повлекуваат од граничните премини Јариње и Брњак, а истовремено почна и отстранувањето на барикадите кои на локалните патишта ги имаат поставено Србите од северот на Косово. Претходно на двата гранични премина стигнаа припадници на КФОР, чија задача е да спречат повторно разгорување на конфликтот.

Според договорот постигнат помеѓу претставници на Белград и Приштина на 30 септември, припадниците на КФОР ќе останат на граничните премини Јариње и Брњак во текот на наредните две недели. Постигнатиот договор во врска со регистарските таблички, предвидува симболите на Косово и Србија да бидат прелепувани со налепници. Во меѓувреме работна група, на чие чело ќе биде претставник на ЕУ, ќе работи на пронаоѓање конечно решение. Првиот состанок на групата е закажан за 21 октомври во Брисел, а предвидено е конечното решение да биде најдено во рок од шест месеци.

Блокадата на границата почна пред околу две недели, откако Косово нареди српските автомобили да смеат да возат во земјата само со привремени регистарски таблички. Владата во Приштина го оправдува овој чекор како одговорна прописот во Србија кој важи од 2008 година за непризнавање на регистарските таблички од Косово.