Колку е опасна новата варијанта на коронавирусот, Ламбда? | Свет | DW | 23.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Колку е опасна новата варијанта на коронавирусот, Ламбда?

Додека научниците во Германија предупредуваат од Делта, на пат е веќе наредната корона-варијанта. Колку е опасна Ламбда?

Варијанта C.37., или едноставно Ламбда. Можно е името на оваа мутација на коронавирусот наскоро да стане доминантна во медиумите ширум светот. Светската здравствена организација пред една недела ја смести Ламбда во категоријата „за набљудување“, затоа што води до зачестени случаи на заболување и се појавува во повеќе земји.

Постоењето на оваа варијанта на коронавирусот е докажано во 29 земји, од кои седум се во Латинска Америка. Ламбда беше првпат откриена во Перу, во август 2020 година, а речиси една година потоа, таа е варијантата која доминира во оваа земја. Со Ламбда се заразиле 82% од луѓето кај кои е докажана инфекција со коронавирус. Ламбда варијантата е откриена и кај секој трет корона-случај во Чиле.

Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни заболувања во СЗО, за ДВ вели: „Досега немаше индиции за агресивно однесување на Ламбда-варијантата. Иако постои можност за повисока заразност, сѐ уште немаме студии за да ја споредуваме со Гама или Делта.“

Гама и Делта, исто како и претходничките Алфа и Бета, се сместени во категоријата „загрижувачки“ на СЗО.

Ефикасно средство против сите мутации, според Мендез-Рико, е вакцинирањето: „Сите вакцини кои имаат добиено наша дозвола се генерално ефикасни против корона-варијантите кои циркулираат и нема причина да се смета дека би биле помалку ефикасни во случајот со Ламбда.“

Многу научници се уверени дека пандемијата на корона ќе заврши тогаш, кога ќе бидат вакцинирани 80% од светското население. Дотогаш постојано ќе излегуваат нови варијанти, како Ламбда.

Хаиро Мендез-Рико, врз основа на актуелните сознанија, вели дека „нема индиции дека варијантите се поопасни и дека водат до поголема смртност“: „Веројатно е дека SARS-CoV-2 во својот еволутивен процес станува позаразен, но не е и поопасен“, нагласува тој.

Jairo Méndez-Rico - Experte für Viruserkrankungen bei der Weltgesundheitsorganisation WHO

Хаиро Мендез-Рико: Ефикасно средство против сите мутации е вакцинирањето

Ламбда доминира во Перу

Пабли Тсукајама е баран партнер за разговор околу Ламбда. Перуанскиот микробиолог со месеци ја проучува оваа варијанта во Перу. Тој вели: „Во декември имавме 200 Ламбда-инфекции, на крајот на март тоа беа веќе половината од сите проби во Лима, а сега, три месеци потоа, ширум земјата над 80 проценти од сите инфекциии се со Ламбда. Ламбда стана доминантна варијанта во Перу за најкусо можно време.“

Оваа варијанта брзо ги потисна сите останати мутации кои од страна на СЗО во моментов се категоризирани како поопасни, а успеа да ја потисне дури и Гама-мутацијата од соседен Бразил.

Повеќе:

Фотографија на денот: Алфа, Бета, Гама – СЗО ги „прекрсти“ варијантите на коронавирус

Чиле – шампионот во вакцинирање од Латинска Америка 

Зошто сојот Р.1 на коронавирусот е толку опасен?

Ламбда е позаразна и во Перу има, така да се каже, перфектни почетни услови за ширење, вели Тсукајама: „Ние сме земја која најлошо мина во пандемијата на корона, со 187.000 починати и највисока стапка на смртност во светот. Не е чудо што една варијанта има свое потекло токму овде.“

Chile Covid-19 | Impfung

Чиле има вакцинирано над 60% од населението, но земјата е исклучок на континентот

Се заканува нов корона-бран во Латинска Америка

Веројатно светот ќе треба да се навикне дека цела Латинска Америка, со повеќе од еден милион починати од корона, станува нов епицентар на варијантите на коронавирусот. Во Колумбија веќе се шири високо заразната  B.1.621 варијанта.

Префорсираните здравствени системи, голем дел од населението кое работи во лоши услови за да преживее и не може да се придржува до мерките за сузбивање на пандемијата, како и недоволниот број вакцини, се перфектна мешавина за варијантите како Ламбда.

„Чиле има вакцинирано над 60% од населението, но земјата е исклучок на континентот“, вели перуанскиот микробиолог, додавајќи: „Многу е веројатно дека со доаѓањето на јужноамериканската зима, помеѓу јули и септември, ќе дојде и третиот корона-бран, кој можеби нема да биде поопасен, но во секој случај ќе биде позаразен.“