Корона-криза: Германската индустрија полека се опоравува | Економија | DW | 08.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Корона-криза: Германската индустрија полека се опоравува

По огромниот пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот, германската индустрија повторно добива нарачки. Сепак, една петтина од фирмите се борат за опстанок.

Германската индустрија во мај повторно доби значително поголем број порачки, откако доживеа крах поради корона кризата. Според податоците на Сојузната служба за статистика, бројот на порачки е за 10,4 отсто повисок отколку во април. Но, ако се споредат бројките на годишно ниво тоа се и натаму драстични 29,3 насто помалку од 2019 година.

Во споредба со периодот пред корона кризата се забележува колку таа ја оптоварила индустријата, сѐ уште се 30 отсто помалку нарачки отколку во февруари, а кога станува збор за автомобилската индустрија порачките се преполовени.Во Германија, индустријата во мај примила 12,3 насто повеќе нарачки отколку во април, а од странство стигнаа 8,8 отсто повеќе порачки.

Од еврозоната се 21 насто повеќе, што е значително зголемување отколку надвор од евро зоната. Особено е зголемен бројот на нарачки за капитална стока, како на пример машини. 

„Најлошото е зад нас“

Германското министерство за економија соопшти дека индустријата веќе ја поминала најниската точка на рецесија и притоа укажа на автомобилската бранша и порастот на нарачки во мај за 40 насто.

Повеќе:

-Кавга околу носењето маски во Германија

-Барање за намалување на работниците од Западен Балкан во Германија

-Драматичен пад на германскиот извоз во април

Вкупно гледано тоа е „и натаму многу низок број нарачки“, особено од странство надвор од европскиот континент.

„Но, најлошото е зад нас“, коментира Томас Гицел, главен економист на лихтеншајнската ВП банка. „Меѓутоа, добрите податоци не би требало да нѐ залажат дека кризата не ни близу до крајот“, додава Гицел.

Бидејќи, брзото ширење на вирусот во САД не е на добро. А во дел сѐ уште прекинатите меѓународни ланци за снабдување сигурно ќе остават негативно влијание на долги патеки. „Германската индустрија уште долго време ќе ги чувствува последиците од вирусот“, смета Гицел.

Една петина од компаниите се борат за опстанок

Според Ифо институтот, 21 насто или секоја пета компанија во Германија смета дека и' е загрозен опстанокот во корона кризата. Затоа во наредните месеци не се исклучува „бран на несолвентност“. Експертите велат дека особено се погодени фирмите кои пружаат услуги, од кои 27 отсто се изјасниле оти се загорзени. „Особено разнишана“ е ситуацијата во туристичките агенции и кај тур операторите - 85 насто се во страв за економска егзистенција. Кога станува збор за фирмите кои нудат сместување - 76 отсто се во страв за економски опстанок, а во гастрономијата - 67 насто. „Но, и 55 отсто од креативните работници, уметници и забавувачи сметаат дека им е загрозена егзистенцијата“, предупредува Ифо институтот.

Реклама