Над 20 милиони Германци соочени со зголемен ризик од тежок тек на Ковид-19 | Информации и анализи за Германија | DW | 24.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Над 20 милиони Германци соочени со зголемен ризик од тежок тек на Ковид-19

Повеќе од 20 милиони луѓе во Германија се соочени со зголемен ризик од тежок тек на корона-заболување поради нивната телесна конституција.

Deutschland Diskussionsveranstaltung Berliner Kreis in der Union

Дебелината е фактор на ризик

Во истражувањето на научници од институтот „Роберт Кох“ (РКИ), чии резултати се објавени денеска, се вели дека со зголемен ризик од потежок тек на Ковид-19 се соочени 30,6% од населението над 15-годишна возраст, или околу 21,6 милиони луѓе во Германија.

Многу зголемен ризик, пак, има кај луѓето на возраст над 65 години, како и луѓето со претходни болести. Научниците тука ги имаат наведено дијабетесот, хроничните проблеми со бубрезите и дебелината.

Освен тоа, 15 милиони луѓе се соочени со малку зголемен ризик од тежок тек на корона-заболување. Со тоа, вкупниот број на луѓе над 15-годишна возраст кои се соочени со некаков ризик изнесува 36,5 милиони, или речиси 52% од населението.

Повеќе:

Трет корона-бран во Германија?

Меркел предупредува од корона-мутациите

Коронавирус: Зошто повеќе страдаат мажите и дебелите луѓе?

Експертите укажуваат дека постојат социо-економски и регионални разлики. Додека од луѓето со низок степен на образование во групата со висок ризик од тежок тек на болеста влегуваат 49,2%, кај групата со средно ниво на образование тоа се 21,9%, а во групата со висок степен на образование - 23,9%. Регионално погледнато, во покраините на истокот на земјата и покраината Сар живеат најмногу луѓе кои се соочени со зголемен ризик од тежок тек на болеста.

Гледај видео 01:53

Како да се идентификуваат мутациите на коронавирусот?

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама