Фотографија на денот: Во корона-круг | Свет | DW | 04.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Во корона-круг

Во круг за поголема безбедност! Белгискиот град Гент посегнува по мерки познати од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Зголемувањето на температурите во последните денови ги привлече луѓето во парковите и на плоштадите во Белгија, што придонесе за непочитување на препораката за држење растојание во пандемијата. Затоа, на плоштадот Синт Питерсплејн во Гент се нацртани кругови, во кои може да се „сместат“ максимално четири лица. Круговите со дијаметар од 6 метри би требало да ги охрабрат луѓето да се држат на неопходна дистанца. Ограничувањето на контактите е мерка која во Белгија важи речиси непрекинато од почетокот на ноември.

Реклама