Одмор во Занзибар со коронавирус во куферот | Свет | DW | 09.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Одмор во Занзибар со коронавирус во куферот

Додека во Германија се дискутира жестоко за мерките за разлабување, во некои земји е можно патување без карантин и корона-тестови. Во земји кои зависат од туристи, честопати има малку мерки за заштита.

tropischer Strand mit Palmen, Liegestühlen und Hängematte, tropical beach with palm trees, hammock and canvas chairs

Занзибар е зависен од туризам

Роџер Б. се чувствува видливо добро на Занзибар. Тој има стриминг-канал на кој редовно отстапува простор и за теоретичари на заговор и луѓе кои негираат постоење на коронавирусот. Од февруари се јавува во живо од африканскиот остров.

Зошто го одбрал Занзибар, станува јасно многу брзо: „Луѓето овде се опуштени. Колку што слушнав, нема хигиенски концепт. Овде не видов ниту една единствена маска“, вели Роџер Б. во едно од своите видеа и од своите гледачи бара: „Дојдете на Занзибар!“ На прашањата на новинарите од Репорт Мајнц (емисија на германската телевизија АРД, н.з.) не реагира.

Занзибар, уште од пролетта 2020 година официјално без коронавирус, како рај за туристи кои сакаат да избегаат од короната? Влез е можен без корона-тест и без карантин. Во мај 2020 година владата на Танзанија (на која и' припаѓа Занзибар) објави дека нема коронавирус и оттогаш не објавува број на заразени (претседателот Џон Магуфули едноставно престана да ги брои корона-случаите и во јуни, по тридневна национална молитва, објави дека „божја сила“ го отстранила вирусот од Танзанија, н.з.). Но, пред неколку недели почина потпретседателот на Занзибар, кој на крајот на јануари се зарази со коронавирус.

На порталите и Фејсбук-групите за патувања Занзибар се рекламира без корона-рестрикции. На Инстаграм и Јутјуб туристи објавуваат слики и видеа од Занзибар на кои се гледа како луѓе танцуваат збиени едни до други во клубовите на плажите и се забавуваат без да држат растојание или да носат маски.

Гледај видео 02:18

Среде пандемија: Мадрид – магнет за туристи

„Без почит кон локалното население“

Германската претприемачка Сабине Емерих со години живее на Занзибар. Таа за Репорт Мајнц вели дека однесувањето на дел од туристите е „без респект“: „Кога одите во град или во група луѓе и не носите маска, тогаш го ризикувате и здравјето на другите луѓе. Повеќето од туристите кои во моментов се на Занзибар се однесуваат така.“

Емерих нагласува дека Занзибар е многу зависен од туристите: „Кога не би имале туризам, луѓето не би имале што да јадат, во буквална смисла на зборот.“

Повеќе:

По корона-планот на Џонсон: Британците резервираат патувања „како побудалени“

Дебакл на туризмот во Грција: Се продаваат над 300 хотели

Пандемијата се испречи пред полесниот пат до работа во Германија

Германија и борбата против Ковид: Колебливост и разочарувања

И Мексико е земја упатена на туризам

Таков проблем има и во Мексико. И во таа земја многу мештани зависат од туризмот, како на пример оние кои живеат на полуостровот Јукатан. Туризмот и таму има темни страни. Истражувањата на Репорт Мајнц покажуваат дека во туристичките хотспотови странски туристи се забавуваат набиени едни до други, меѓу нив и луѓе од земји како Чешка и Бразил, кои важат за држави со висока инциденција и во кои се особено многу раширени мутации на коронавирусот. Меѓу странските туристи има и Германци. „Зошто да си го ограничувам животот, кога тоа можам да го доживеам на друго место?“, прашува германска туристка пред добро посетен клуб во Плаја Де Кармен, која сака да остане анонимна. „Можеби е малку егоистично, но не можам секогаш да мислам на сите други, мора да мислам и на себе и ако сакам да одам на одмор, тогаш едноставно заминувам“, додава таа за Репорт Мајнц.

Mexiko, Sayulita I Party trotz Corona

Забава без маски (Сајулита, Мексико)

Мексико е од страна на германските власти означено како „регион со висока инциденција“ и оној кој во Германија доаѓа од Мексико мора да прикаже негативен ПЦР-тест и, зависно до покраината, да оди во карантин. Ако пак од Германија се оди во Мексико, не е потребен тест или карантин. Научниците во моментов препорачуваат да не се патува, а на тоа повикуваат и политичарите, но патувањата не се забранети, дури ни во региони со висока инциденција.

Дали туристите носат мутиран вирус во Германија?

Берлинскиот епидемиолог Тимо Улрих, од Високата школа за хуманистички науки Акон, во врска со сликите од Мексико со полни клубови, вели: „Тоа е неодговорно, дури оди до несоцијално однесување.“ Во интервју за Репорт Мајнц, Улрих изразува стравување дека со почетокот на 

Гледај видео 02:11

Брзи тестови за коронавирус - во ноќен клуб

сезоната на патувања бројот на инфицирани во Германија би можел повторно да се зголемува поради повратниците: „Мора да сметаме со тоа дека не само што ќе влезат повеќе вируси, кои потоа ќе предизвикаат и нови синџири на инфекции, туку дека можеби ќе бидат донесени и нови варијанти, како бразилскиот, јужноафриканскиот сој и други.“

Според истражувањата на Репорт Мајнц, лице кое престојувало на Занзибар го внесло во Германија опасниот јужноафрикански сој на коронавирусот. Притоа, лицето заразило пет други лица, од кои три завршиле во болница. 

Институтот „Роберт Кох“ во моментов регистрира значително зголемување на бројот на инфицирани со мутации на коронавирусот. На пример, повеќе од 40% од новоинфицираните лица во Германија ја имале британската мутација B.1.1.7. Институтот зборува за „загрижувачки“ развој на ситуацијата.