Корона денеска слави именден | Панорама | DW | 14.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Корона денеска слави именден

Малку познатата светица, чиј ден се одбележува на 14 мај, одеднаш стана славна. За да дознаеме повеќе за неа се упативме во катедралата во Ахен каде во златен ковчег се чуваат нејзините коски.

Пандемијата на коронавирусот е причината поради која, одеднаш, многумина дознаа за христијанската маченичка која била измачувана и убиена од Римјаните пред 1,800 години. Нејзиното име е Корона, или круна на латински, а некои извори го наведуваат и името Стефани или Стефанија, што пак на грчки исто така значи круна.
Легендата вели дека 16-годишната Св. Корона била казнета и убиена затоа што се грижела за римскиот војник Виктор, кој исто така е прогласен за светец, откако тој бил измачуван. Местото каде се одвивала оваа драма е се уште предмет на дебата: едни извори тврдат дека тоа се случувало во Сирија, други во Сицилија; истовремено спорно е и нејзиното место на раѓање.
Во Катедрала во Ахен, во западна Германија, деновиве беше изложен ковчег за кој се верува дека ги содржи коските на Света Корона. Долго пред почетокот на пандемијата со исто име, катедралата планираше летово да ги изложи скапоцените златни изработки, како и светилиштето за Корона од злато, бронза и слонова коска кое 25 години беше тргнато од јавноста.

Gedenktafel der Heiligen Korona im Aachener Do (picture-alliance/AP Photo/M. Meissner)

На подот на катедралата во Ахен каде биле сместени посмртните останки на Св. Корона сега се наоѓа плоча со нејзиното име


Катедралата во Ахен е местото каде се закопани посмртните останки на Карло Велики, првиот император на Светата римска империја, но и место каде се крунисани бројни германски кралеви и кралици.
Посмртните останки на Корона во Ахен ги донел кралот Ото Трети во 997 година. Стотици години тие биле чувани во гроб под подот на катедралата, а префрлени се во светилиштето на почетокот на 20 век.
Св. Корона е во најголем дел непозната за верниците во христијанскиот свет, со исклучок на некои региони во Баварија и Австрија. Таа се смета за патрон на месарите и трагачите по богатство. Но црковни претставници велат дека во некои региони таа се смета за светец-покровител кој чува од инфективни болести. На пример, во австриското место Св. Корона локалните жители и се молат на светицата за заштита на стоката од инфективни болести. Но тоа е сепак само локален феномен. Во актуелната економска криза предизвикана од пандемијата,  кога милиони луѓе остануваат без работа ширум светот, Св. Корона веројатно ќе им биде добредојдена на оние верници кои се во потрага по пари.

DW.COM

Реклама