Коронавирус: Тешко се докажува постоење антитела | Панорама | DW | 27.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Коронавирус: Тешко се докажува постоење антитела

Антителата во крвта важат за сигурен показател дека организмот поминал некаква инфекција и развил имунитет. Но, кај Ковид-19 тоа изгледа не е така едноставно.

Малку гребење во грлото, потоа кашлица и малку температура? Секој, без разлика дали со или без симптоми, би сакал да знае дали бил заразен од коронавирусот. Во меѓувреме конечно е јасно дека заразата не мора нужно да биде проследена со карактеристичните симптоми на Ковид-19. Но, присуството на вирусот во крвта може да се докаже во секој случај. Барем научниците поаѓаат од тоа - што би значело и дека секој кој го прележал коронавирусот не може повторно да се инфицира, односно не може повторно да се зарази, ниту да заразува други луѓе.

Софистициран систем

Нашиот имунолошки систем формира антитела за да се бори со патогенот - предизвикувачот на болеста. По прележана болест тие може да се најдат во крвта. Пациентот развил имунитет на патогенот.  

Научниците поаѓаат од истиот принцип и за Ковид-19. Кога би можеле со сигурност да се докажат антитела кај оние кои биле заболени и оздравеле, тоа би било важно дополнително сознание во однос на Ковид-19.

Имуни или не?

За да се утврди колку луѓе биле навистина заразени со коронавирусот се прави тест за антитела. Имуни или не? Заразени или не? Една студија од Либек меѓу другото се занимава со потрага по одговорите на овие прашања.

Повеќе:

Коронавирус: Колку се корисни тестовите за антитела?

Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти

Сертификати за имунитет во борбата против Ковид-19

Поголемиот дел од учесниците во студијата имале лесна или средно тешка инфекција. Кај речиси секој четврт панциент научниците не можеле да идентификуваат значително ниво на антитела, иако докажано имале симптоми.

Наспроти тоа кај двајца од десет асимптоматски пациенти е регистрирано високо присуство на антитела. Покрај прашањето за имунитет, ова го отвора и прашањето како ќе може да се утврди и „темната“ бројка на заразени.

Колу се веродостојни тестовите за антитела?

Досега се сметаше дека период од четири недели е доволен за да се добијат веродостојни резултати за антителата. На антителата им е потребно одредено време за да може да се регистрираат во организмот. Тој период е различен од човек до човек.

Кај некои луѓе антителата се појавуваат за кратко време, кај некои по неколку недели, а кај други пак воопшто нема антитела во организмот, иако има докази дека биле заразени од Ковид-19. Ова е проблематична ситуација.

Редовно тестирање 

За студијата на универзитетот во Либек научниците ја мереле количината на антитела во крвта на пациентите во период од повеќе недели. Сликата што притоа ја добиле личи подетална отколку она што го покажуваат еднократни мерења на поголема маса луѓе. Но, секој вид на мерења на антитела можеле да доведе до опасни погрешни проценки, предупредуваат Ханес Бланкенфелд и Михаел Книхен од Германското здружение за општа медицина, како и претседателката на Германското здружение на епидемиолози, Ева Грил. 

Ако се прават многу тестови, може да се извлечат важни статистички согледувања. Но, кај поединечни лица може да биде и опасно - ако тестовите даваат погрешни резултати и ако лицата кои излегле позитивни на антитела веруваат дека не се заразни и се заштитени од повторно заразување. Такви резултати може да доведат до лекомислен однос спрема Ковид-19.

Студија од Кина

И во Кина со полна пареа се истражуваат тестовите за антитела. Таму научниците во стручниот журнал „Нејчр”објавија студија која истражува колку имунитетот може да трае - цел живот? Или со текот на времето станува послаб?  

Кинеските научници испитувале инфицирани од коронавирус без симптоми и инфицирани со симптоми и ги споредиле двете групи. Резултатот е дека имуниот систем на лицата без симптоми имал послаба реакција на вирусот отколку кај лицата со симптоми. Тие покажале посилна реакција. 

Речиси и воопшто да нема траги

Друг резултат од Кина: по период од околу три месеца, количината на антитела кај лицата кои немале симптоми била речиси непостоечка. Дали пациентите ја поминале болеста и можеби се дури и имуни за сега е нејасно. Прашањето со имунитетот останува нерешено, исто како и тоа колку антитела треба да бидат присутни во крвта за едно лице да не може повторно да се зарази себе и други луѓе. 

Поврзана содржина

Реклама