Коронавирус: Песната на црниот лебед | Економија | DW | 07.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Коронавирус: Песната на црниот лебед

На берзата црниот лебед е симбол за непредвидени случувања со далекусежни последици. Меѓу економистите актуелно се дискутира колку ќе бидат лоши последиците од избувнувањето на коронавирусот.

Кога кон крајот на јануари го прашаа Жил Жибо дали корона вирусот би можел да биде црн лебед, тој одговори: „Да, можеби за компаниите кои имаат голем дел од бизнисите во Кина”. Неговиот став има тежина, тој е одговорен стратег за акциите на Акса Инвестмент Менаџерс во Европа, кои управуваат со капитал од околу 800 милијарди евра.

Но, тогаш за главниот стратег на Акса и за другите од светот на инвеститори не беше можно да предвидат дека вирусот ќе зарази стотици лица во околината на Милано. Нервозата на финансиските пазари во светот сега веќе е порасната.

Колку долго коронавирусот ќе ја парализира економијата?

Сѐ почесто се споменува црниот лебед, кога се зборува за економските последици од корона вирусот. Со тоа се мисли на сосем неочекуван настан кој е исклучително редок и за кој постои многу мала веројатност да се случи, а има деструктивни последици за финансиските пазари и реалната економија.

Актуелно сѐ почесто се прават споредби со светската финансиска криза пред повеќе од 10 години. И во 2008 беше незамисливо дека една од водечките американски инвестициски банки со 150-годишна историја зад себе би можела да банкротира. Никој не може да одрече дека банкротирањето на Леман Брадрс имаше далекусежни последици. Тогаш шокот од финансиските пазари се префрли на реалната економија.

Повеќе:

-Итна помош од Светска Банка за борбата против коронавирусот

-Коронавирус- рецепт за нова глобална нестабилност

-Знак за несигурност во Кина

Денес е обратно: затворени погони, откажани саеми, укинати летови и забрана за милиони луѓе да ги напуштат сопствените четири ѕида, а тоа придонесува за намалување на реалната економија.

Ако компаниите заради тоа имаат помала добивка тоа секако има последици за акциите и за финансиските пазари.

Од избивањето на корона вирусот во Кина и мерките за карантин на државното и партиско раководство, народната република не ја исполнува улогата на мотор за светската конјунктура. А, пак кога поранешниот прв човек на Сојузната банка на Германија Аксел Вебер прогнозира пад на кинескара економија за 1,5 проценти во првиот квартал, секој може да си замисли какви се глобалните последици. Кина сепак придонесува за речиси 20 проценти од светскиот економски потенцијал.

Мајсторот молчи

Јавно за збор уште се нема јавено човекот кој го измисли црниот лебед како „баба Рога” за финансиските пазари. Насим Николас Талеб, американски финансиски математичар, пиранешен професионалец на Вол Стрит и автор на бестселери, молчи.

Уште во 2011 година Талеб, кој по потекло е од Либан, во неговата книга „Дворски шутеви на случајноста” го употреби изразот црн лебед за да опише изненадувачки случувања со далекусежни последици за финансискиот свет. Кога во 2007 година излезе од печат неговата книга „Црниот лебед: моќта на неверојатните случувања” интересот за тоа уште се држеше во мали рамки. Дури по пропаста на Леман Брадерс една година подоцна делото на Талеб стана светски бестселер.


 

 

Реклама